Galaxy Watch6 Bluetooth (44mm)
Повторно се врати часовникот што те познава најдобро. Сега, со поперсонализирано следење на здравјето и подобрено и ажурирано следење на спиењето. За добар почеток на денот наспиј се добро со помош на тренерот за спиење што е достапен на Galaxy Watch6.
Galaxy Watch6Започни го патувањето кон подобро здравјеПоголем екран.
Потенка рамка
Претставуваме
потенок модел
Two Galaxy Watch6 can be seen. The first one is positioned to show its thinness. The second one is zoomed in to emphasize the slim design of Galaxy Watch6.
Стилот и комфорот ги спојуваат силите во еден потенок, поелегантен модел. Galaxy Watch6 е редизајниран и има потенка форма, што го прави полесен за носење. Безвременскиот компактен и кружен дизајн е неверојатно удобен и секогаш пристапен кога ќе имаш потреба.3
Менување ремчиња со само еден клик
Притисни го копчето за откопчување на ремчето за лесно да го извадиш. Менувај ги ремчињата со само еден допир за спортскиот изглед да го претвориш во вечерна модна комбинација. Водилката за ремчето овозможува лесно поставување, а кога повторно ќе го вметнеш се слуша звук на кликнување.4
Galaxy Watch6 watch band can be seen being attached to illustrate the easiness of the one-click release button.
Гребнатините не му
можат ништо на стаклото
Sapphire Crystal
Подготвен за сè, и да врне и да блеска сонце. Неверојатно издржливото стакло Сафирна Crystal прави екранот да биде отпорен и цврст, додека, пак, IP68 и 5ATM оценките значат дека часовникот е доволно издржлив за секоја твоја авантура.5, 6
Galaxy Watch6 can be seen facing upward with the display zoomed in, with waterdrops next to the Watch to indicate that it is waterproof. A gleam of light goes over the display to emphasize the durability of the Сафирна Crystal glass.
Се полни за
рекордно
брзо време
Со едно полнење, часовникот трае до 40 часа. Брзо наполни го часовникот до 45 % за само 30 минути и ќе бидеш подготвен да го истражиш светот или да уживаш во добро заслужен одмор в кревет.7, 8, 9
Front view of Galaxy Watch6 can be seen with the charging screen GUI on display. The number on the screen goes up from '50%' to '100%', implying the battery is being fully charged.
Нашиот најмоќен часовник досега
Надградениот процесор прави Galaxy Watch6 да биде 18 % побрз од претходно, подобрувајќи ја брзината со која се отвораат апликациите. Така што, без разлика дали го почнуваш денот со трчање или си легнуваш да спиеш – го следи секој чекор.3
Galaxy Watch6 processor is being assembled with the bezel and display.
По добра
ноќ следува
и добар ден
Разбери што ти се случува навечер и извлечи го максимумот во текот на денот. Носи го својот Galaxy Watch6 в кревет и следи ги фазите на спиење, резултатот од спиењето и конзистентноста за да си го подобриш сонот. Сега може директно да пристапуваш до тренерот за спиење преку својот часовник и да ги следиш советите од својот зглоб.10, 11, 12, 13, 14, 15, 16
Запознај си го телото и одвнатре и однадвор со BIA
Прескокни ги големите машини – собирај податоци за своето тело кога и да посакаш со помош на сензорот за анализа на биоелектрична импеданса (BIA) на Galaxy Watch6. Овие мерења ќе ти помогнат да имаш пристап заснован врз податоци и подобро да ги следиш телото и здравјето, како и да си поставиш персонализирани фитнес цели.25, 26, 27
Безбедносни функции за спокој и безгрижност
Паметниот часовник е секогаш во состојба на подготвеност, за итни случаи. Ако се сопнеш, детекторот за паѓање ќе го забележи тоа и ќе праша дали ти треба помош. За други итни случаи, едноставно притисни го петпати копчето за почетен екран за да притиснете SOS повик до службите за итни случаи. Кога ќе пристигне помошта, брзо пристапи до медицинските податоци на почетниот екран, со само еден допир. Не грижи се, сега си во добри раце.28, 29, 30, 31
Daily activity screen can be seen, with the progress bars advancing.
Следење на вежбањето – следи го
своето фитнес патешествие
Евидентирај ги сите физички достигнувања и провери си го напредокот со Galaxy Watch6. Следи си ги движењата во над 90 вежби, вклучувајќи и пливање во базен и јога, или, пак, може дури и да креираш своја приспособена активност. Заборави да кликнеш за почеток? Часовникот автоматски ќе ги препознае и сними избраните тренинзи како што е трчањето, пешачењето и отсега, дури и возењето велосипед, така што нема да ги изгубиш важните податоци.27, 32, 33
Different workout icons can be seen. In the middle is the cycling icon with the person sitting upright. The person begins cycling and slowly bends forward as other workout icons appear from the right.
Постави си го совршениот
интензитет со персонализираната
зона за срцебиење
Постави си персонализирана зона за срцебиење. Или, само почни да трчаш, а Galaxy Watch6 ќе го измери срцебиењето според твојот капацитет и ќе оптимизира зона за срцебиење што ќе ти одговара. Откако ќе биде поставена, може да добиваш известувања кога ќе ја достигнеш целната зона за срцебиење и да осигуриш дека си во зоната додека се движиш, трчаш и вежбаш.34
Сликај слики на
Galaxy Z Flip5 од далеку
со помош на часовникот
Спари го часовникот со Galaxy Z Flip5 за да сликаш одблиску или од далечина. Flex режимот и Camera Controller на Galaxy Z Flip5 ти овозможуваат лесно да се префрлаш од режим на фотографирање или снимање, да зголемуваш или намалуваш, директно од својот зглоб. А за да сликнеш слика, само допри го копчето за бленда на часовникот.35, 36
On the right is Galaxy Z Flip5 on Flex mode. On the left is Galaxy Watch6 displaying the same screen as Galaxy Z Flip5, illustrating the Camera Controller feature.
Меѓународниот роаминг ги одржува контактите
Истражи го светот без да се изгубиш. Меѓународниот роаминг на Galaxy Watch6 ти овозможува да ја користиш картата и да се снаоѓаш до знаменитостите, директно од својот зглоб. А ако сепак западнеш во неволја, не грижи се – ќе можеш да вршиш повици или да испратиш порака за помош.39, 40
Приспособување, да одговара на тебе
Направи го Galaxy Watch6 уникатен и твој. Избери од широкиот асортиман ремчиња во разни стилови и материјали. Може да го приспособиш лицето на часовникот со омилените бои, комбинации, дизајни или дури и слики од миленичето. Единствената граница е твојата имагинација.4
Време е да си го пронајдеш својот Watch
- Големината на екранот на Galaxy Watch6 е споредена со онаа на Galaxy Watch5 .
- Споредбите на големините на екран и црната рамка се засноваат врз мал модел Galaxy Watch6 (40 mm). Засновано врз голем модел Galaxy Watch6 (44 mm), споредбите на големината на екранот и црната рамка изнесуваат 16,5 % и 28 %.
- Споредено со Galaxy Watch5 .
- Достапноста на ремчињата за Watch може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Galaxy Watch6 е водоотпорен во вода со длабочина од најмногу 50 метри во период од 10 минути, согласно со оценката 5ATM. Не е соодветен за нуркање или активности во вода со висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување. Galaxy Watch6 има заштита од навлегување (IP68) прашина и слатка вода во длабочина од најмногу 1,5 метар во период од најмногу 30 минути. За повеќе информации, погледнете во упатството за корисници, како и во упатствата за грижа/употреба.
- Врз основа на Vickers цврстина измерена со постојано оптоварување од 200 gf.
- Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Тестирањето го спроведе Samsung во XXX 202X со користење претпродажна верзија на Galaxy WatchX (BT & LTE), секоја спарена со Samsung телефон; сите уреди се тестирани со софтверска верзија за претпродажба, Galaxy Watch магнетен УСБ-Ц кабел за брзо полнење (EP-OR900) и Samsung 25W УСБ-Ц адаптер за напојување (EP-TA800). Времето на полнење се разликува во зависност од регионот, поставките, начинот на користење и факторите во средината; вистинските резултати може да се разликуваат.
- Samsung адаптерот УСБ-Ц од 25 W (EP-TA800) се продава одделно.
- Потребна е апликацијата Samsung Health , верзија 6.24 или понова.
- Galaxy Watch6 мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android 10.0 и најмалку 1,5 GB меморија.
- Функциите за следење на спиењето се наменети само за општа добросостојба и физички активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или нарушување на спиењето. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- На тренерот за спиење му се потребни податоци за спиењето од најмалку 7 дена, вклучувајќи ги и деновите за викенд.
- Достапноста на функцијата за мерење на нивото на кислород во крвта може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Invisible LED е овозможено кога ќе се вклучи режимот за спиење.
- Платненото ремче се продава одделно и е компатибилно со Galaxy Watch4 и понови серии Galaxy Watch. Достапноста на ремчињата за часовник може да се разликува во зависност од земјата/регионот или операторот
- Функцијата за следење на циклусот е достапна за предвидување датуми на менструалниот циклус и други циклуси, а е овозможена од Natural Cycles. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), функцијата за следење на циклусот според температурата на кожата функционира само на телефони и часовници купени во земјите во кои е моментално достапна оваа услуга. НЕ Е НАМЕНЕТО ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА. Ако во моментов земате хормонска контрацепција или подлежите на хормонско лечење коешто инхибира овулација, оваа услуга нема да биде корисна за следење на овулацијата. Прикажаните мерења се само за лична употреба. За да се подобри точноста на предвидувањата, се препорачува часовникот да се носи најмалку 4 часа при спиење, 5 пати седмично. Предвидувањата може да се разликуваат во зависност од правилното користење на часовникот, влезните податоци, условите во опкружувањето, итн. Наменето е за корисници на возраст над 18 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив, без консултација со квалификувано медицинско лице. Потребна е најновата верзија на Samsung Health апликацијата.
- Предупредувањата за срцебиењето се наменети само за следење на општата добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување, следење или управување со каква било медицинска состојба или болест. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат медицински совет од лекар.
- Достапноста на функцијата за известување за неправилен срцев ритам (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), функцијата работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). Не е предвидено за обезбедување известувања при секоја епизода на неправилен ритам што укажува на атријална фибрилација (AFib). Исто така, ако нема известувања тоа не значи дека нема никакви болести. Не е предвидено за корисници за кои се знае дека имаат аритмија, ниту за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив, без консултација со квалификувано медицинско лице.
- Достапноста на апликацијата ECG може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде не е одобрена услугата). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е предвидено за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот, без консултација со квалификувано медицинско лице.
- За точно отчитување на крвниот притисок, потребно е да се калибрира на секои 4 недели со монитор и манжетна за крвен притисок. Потребен е Galaxy паметен телефон што работи на Android7.0 или понова верзија.
- Достапноста на апликацијата за мерење крвен притисок може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата за мерење крвен притисок работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е предвидено да го користат лица на возраст под 22 години.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како со обичен апарат, и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат. Апликацијата за следење крвен притисок не е наменета за дијагностички цели во врска со хипертензија или други срцеви состојби или за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот, без консултација со квалификувано медицинско лице. Апликацијата за мерење на крвниот притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи на поставување дијагноза или лекување.
- Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа со апликацијата Samsung Health Monitor на спарен паметен телефон.
- Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување. Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности.
- Телесниот состав е поддржан само во серијата Samsung Galaxy Watch4 и подоцна објавените модели на Galaxy Watch. Телесниот состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или, пак, ако сте бремени. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако сте помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- На Galaxy Watch6 мора да биде инсталирана најновата верзија на Wear OS.
- Функцијата за детектирање паѓање мора да биде овозможена на апликацијата Galaxy Wearable на Galaxy паметниот телефон за да може да се користи детекторот за паѓање на часовникот.
- За вршење итен повик е потребно мрежно поврзување или спарување со Galaxy паметен телефон.
- Информациите собрани од часовникот, апликацијата Samsung Health или поврзаниот софтвер не се наменети за одредување дијагноза, лекување, олеснување, третирање или спречување болест или друга состојба.
- Автоматската детекција на вежби мора да се вклучува во Поставки. Автоматската детекција не е достапна за сите видови вежби.
- Достапно само на серијата Galaxy Watch6 и мора да се спари со компатибилен мобилен уред.
- За да ги ажурираш опсезите на секоја зона за срцебиење кога трчаш, според кардиопулмоналните способности, треба да трчаш надвор подолго од 10 минути со постојана брзина од 4 km/h или побрзо.
- Galaxy Z Flip5 се продава одделно.
- Camera Controller е поддржано на Galaxy Watch4 и подоцна објавени модели на Galaxy Watch кога се спарени со серијата Galaxy Tab S9 | S9+ | S9 Ultraи понови верзии. Функцијата за зумирање на Camera Controller е достапна на серијата Samsung Galaxy Watch4 и подоцна објавени модели на Galaxy Watch што се спарени со паметен телефон од Galaxy S серијата, Galaxy Note серијата и Galaxy Z серијата којшто работи на One UI 5.1 или понова верзија и поддржува Camera Controller.
- Потребно е LTE поврзување за да се користат одредени карактеристики на Galaxy Watch6. LTE поврзувањето е достапно само на LTE модели.
- Не се сите апликации и услуги компатибилни со Wear OS.
- Достапно на LTE модели.
- Ако се овозможи меѓународниот роаминг, тоа може да доведе до трошоци за роаминг, во зависност од пакетот на операторот на паметниот телефон.
- Достапноста на Samsung Wallet и неговите карактеристики може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Цените со попуст за скршени уреди ќе бидат значително пониски од оние за целосно функционални уреди, освен доколку има посебна актуелна промоција што значително ја менува цената на скршените уреди.
- Купи на Samsung.com пред ДД.ММ.ГГГГ. Вредност од XX МКД според кој било XXX (бренд, производ) паметен часовник. Трошоците важат ако не ни го испратите уредот за откуп. Важат правилата и условите.
- Потребно е поврзување соBluetooth, Wi-Fi или LTE.
- Апликациите од други производители мора да се преземат одделно.
- Компатибилно со Galaxy Watch со Wear OS овозможено од Samsung. Потребно е спарување со паметен телефон на кој е инсталирана најновата верзија на Smart Switch .
- Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од оперативниот систем.
- Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови на други производители. Типичниот капацитет е проценетиот просечен капацитет, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960-3.
- Тестирањето го спроведе Samsung во јуни 2022 година со користење на претпродажна верзија на Galaxy Watch5 (BT & LTE), секоја спарена со Samsung телефон; сите уреди се тестирани со софтверска верзија за претпродажба, Galaxy Watch магнетен УСБ-Ц кабел за брзо полнење (EP-OR900) и Samsung УСБ-Ц адаптер за напојување од 25 W (EP-TA800). Времето на полнење се разликува во зависност од регионот, поставките, начинот на користење и факторите во средината; вистинските резултати може да се разликуваат.
- Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови на други производители. Типичниот капацитет е проценетиот просечен капацитет, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960-3. Номиналниот (минимален) капацитет е 398 mAh за голем часовник, а 276 mAh за мал часовник. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 1.1
- 4.71 MB
- 16/05/2024
СРПСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.1
- 4.53 MB
- 16/05/2024
МАКЕДОНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.1
- 4.46 MB
- 16/05/2024
АЛБАНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.1
- 4.73 MB
- 16/05/2024
ХРВАТСКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети