Што е HDR телевизор?

Дали си забележал дека телевизиската содржина
изгледа малку поразлично во споредба со тоа
како си ја гледал во минатото?
Продолжи да читаш за да дознаеш повеќе за HDR.

Што значи HDR?

HDR е кратенка од High Dynamic Range што значи „висок динамички опсег“ и се однесува на техника која изразува детали во содржината и во многу светли и во многу темни сцени. Тој нуди поприродна и пореалистична слика дури и со проширен опсег на контраст. На пример, во сцена од многу темна пештера, HDR телевизорите го покажуваат изгледот и бојата на ѕидовите на пештерата, како и нивната текстура. А, во сцена со јахта на океан, јасно се гледаат поединечни сончеви зраци без оглед на светлата заднина. Моментално, овој напис веројатно го читаш од твојот компјутер или мобилен телефон и ако твојот уред не поддржува HDR тогаш ја пропушташ шансата за целосно искуство и можноста да разбереш што навистина може да прави HDR. Затоа, направи си услуга и посети ја најблиската продавница за електронски уреди и искуси го квалитетот на HDR телевизорот за себе, бидејќи ќе поверуваш само ако видиш со свои очи.

На телевизор означен со „HDR“ е прикажана слика од зајдосонце на плажа со висок динамички опсег.

Која е разликата?
HDR наспроти UHD

Резолуцијата UHD (ултра висока дефиниција) и технологијата HDR (висок динамички опсег) работат заедно за да го подобрат квалитетот на сликата - тие едноставно го постигнуваат ова на различни начини. UHD резолуцијата (исто така наречена 4K) е мерење на количината на пиксели (повеќе пиксели создаваат повисоки резолуции). HDR е технологија која му овозможува на телевизорот да изразува поширок опсег на темни и светли тонови на бои. Заедно, UHD (4K) и HDR создаваат попрецизна и пореална слика. Кога ќе ги видиш овие поими додека го барате својот нов телевизор, имај на ум дека тие не се конкурентни стандарди, па затоа не треба да избираш еден или друг.

Видови HDR

Има различни видови стандарди за HDR, но „HDR10“ се користи најчесто. Неодамна беше воведена нова технологија наречена HDR10+, а разликата помеѓу неа и HDR10 е во тоа дали се користат динамички* или статички метаподатоци. Динамичката HDR технологија значи дека се применуваат метаподатоци на секоја сцена, а потоа се добиваат слики со пооптимизиран квалитет од квалитетот на статичката HDR технологија.

* Метаподатоци се однесува на дополнителните информации за сликата кои може да се најдат во содржината. Ова ги вклучува информациите за бојата и светлината кои се користат во процесот на оптимизирање на сликата.

* Ги покажуваат разликите помеѓу HDR10+ и HDR10. Сликите на HDR10+ покажуваат „Подобра заситеност на боите“ и „Балансирана осветленост“, но другите слики со HDR10 покажуваат „Недоволна заситеност“ и „Небалансирана осветленост“.

Уживај во HDR содржина

Производителите на содржина сега се послободни од кога било да прават првокласна содржина во 4K+ квалитет со HDR. Со толку многу уреди кои им овозможуваат на производителите на содржина да се изразат како што сакаат, севкупната содржина стана многу пообемна. Исто така, со многубројните видови услуги како стриминг, IPTV и сет-топ бокс кои се достапни за уживање во сета оваа нова содржина, единственото нешто кое ти преостанува е да купиш HDR телевизор кој ќе ја прикажува оваа содржина со неговиот целосен потенцијал.

Каде можам да гледам
HDR10+ содржина

Може да стримаш HDR10+ преку апликациите Prime Video и YouTube.
Сè поголем број на UHD Blu-ray дискови се исто така достапни со HDR10+
од големите студија Warner Bros, Universal, 20th Century Fox и Lionsgate.
Побарај го логото HDR10+ на UHD Blu-ray-дисковите.
Може дури и да снимаш видео HDR10+ на својот Galaxy телефон, а потоа да го гледаш на телевизор.

Запомни ги овие 4 нешта кога бираш HDR телевизор Запомни ги овие 4 нешта кога бираш HDR телевизор

Запомни ги овие 4 нешта кога бираш HDR телевизор

Со цел да имаш едно од најдобрите HDR доживувања, треба да го имаш предвид следново:
Колку добро се прикажува светлата содржина, колку добро може да се прикажува темна црна содржина и колку прецизно се прикажуват различни бои.
Ова се клучни фактори кои го одредуваат квалитетот на телевизор со HDR.

* Локално затемнување е технологија која локално го контролира позадинското осветлување зад делови на екранот со цел да стане вистински црно.

* Листа за купување на најдобриот HDR телевизор покажува 4 нешта, HDR10+ (динамички метаподатоци), осветленост со HDR 1000 нити или повеќе, локално затемнување и јачина на боја 100 %.

Погледни ги сите најнови иновации за Samsung QLED телевизори

Погледни ги сите најнови иновации за Samsung QLED телевизори