Види ја разликата во квалитетот на сликата
Па, колку се добри 8K телевизорите споредено со традиционалните телевизори? Ајде да ги споредиме со Full HD и 4K UHD телевизори за да видиме.
Резолуцијата на 8K телевизорите е 4 пати повисока од резолуцијата на 4K UHD телевизори и 16 пати повисока од резолуцијата на Full HD телевизори. Повисоката резолуција значи дека има повеќе пиксели кои го сочинуваат екранот. Со други зборови, на телевизори со иста големина, пикселите се погусто збиени во рамки на иста област, што овозможува пософистицирана и пореалистична слика. На тој начин, можеш неизмерно да се задлабочиш додека гледаш телевизија.
Терминот кој се користи за бројот на пиксели во одредена област се нарекува PPI - pixels per inch (пиксел на инч) и повисок PPI број значи поголема густина на пиксели. Типично, PPI треба да биде најмалку 50 или повеќе за да може да се гледаат разни видови видео-содржина. Па така, на 75-инчен 8K телевизор PPI е 117, додека на 4K телевизор и FHD телевизор вредностите се 59 PPI и 29 PPI, соодветно.