Нашите чекори кон подобра иднина
Ние ја земаме предвид енергетската ефикасност и кружењето на ресурсите за нашите производи во текот на целиот нивни животен циклус. Ова опфаќа спроведување различни мерки во текот на фазите на набавка, производство, дистрибуција, употреба и рециклирање за да го намалиме нашето влијание врз животната средина.
Нашите енергетски напори
Развивме различни технологии за да ја намалиме потрошувачката на енергија преку
енергетски ефикасни апарати. Со нашите решенија, можете да влијаете и на вашите сметки за енергија и на животната средина.
SmartThings Energy
во вашиот живот
Управувајте со енергијата со SmartThings Energy.1 Поврзете ја апликацијата SmartThings Energy на вашиот паметен мерач за подобар избор на енергија. Управувајте со вашата потрошувачка на енергија, поставете енергетски цели и добивајте предупредувања кога ќе ја надминувате потрошувачката на енергија.
Автоматско приспособување на
осветленоста на вашиот телевизор
Нашите модели на TV2 пуштени во продажба од 2024 година штедат енергија преку интелигентни сензори за осветленост. Гледајте ги вашите омилени емисии со заштеда на енергија3 на Neo QLED.
Нашите напори за ресурсите
Ја земаме предвид заштедата на ресурсите за да се увериме дека материјалите повторно се користат, а отпадот е намален. Се стремиме да направиме разлика за животната средина преку мали чекори.
Пренамена на фрлените предмети во нови производи
Развивме иновативни технологии за рециклирање на фрлените рибарски мрежи и други отфрлени предмети, како што се буриња со вода и футроли за ЦД, кои имаат потенцијал да ја нарушат животната средина.
Почнувајќи од Galaxy S22 Ultra4, овие материјали се вградени во различни производи, вклучувајќи Galaxy smartphones (S24 Ultra, Z Fold6, Z Flip6)5, Tab S9 Ultra6, Watch Ultra7, Buds3 Pro8, далечински управувач SolarCell9 и Bespoke Jet™ AI10.
Намалете ги емисиите на микропластика од перењето алишта
Можете да ги намалите емисиите на микропластика од вашите алишта со Less Microfiber™ Cycle на нашата машина за перење, којшто ефикасно го намалува расфрлањето на микропластиката за 54 %11 и Less Microfiber™ Filter којшто фаќа приближно 89 – 98 % од микропластиката ослободена при перењето.12
Стар Samsung Galaxy рециклиран за повторна употреба како домашни уреди
Трансформирајте го вашиот стар Samsung Galaxy во паметен домашен уред, помагајќи да се заштедат ресурси и да се намали е-отпадот.
Повторно создавање, а не фрлање
Нашиот процес внесува нов живот во старите материјали, трансформирајќи ги во вредни ресурси преку рециклирање на е-отпадот.
Регионални програми за рециклирање
Го преземаме и рециклираме е-отпадот во соработка со локалните шеми и организации за рециклирање.
Податоци за животната средина
Преземете ги и дознајте за еколошките политики и водичи на Samsung Electronics.
- 1 Достапноста на услугата SmartThings Energy се разликува во зависност од земјата, регионот или уредот. Достапна е на уреди со Android и iOS (Android OS 9↑, iOS 14↑). Потребни се поврзување со Wi-Fi и Samsung Account. Сите уреди треба да се регистрираат во апликацијата SmartThings за да се следи потрошувачката на енергија. Функцијата AI Energy Mode може да се разликува во зависност од земјата, регионот или уредот. Може да ги префрли сите ваши компатибилни паметни апарати во Energy Saving mode или автоматски или ако вашата проценета месечна сметка за електрична енергија ја надмине вашата однапред поставена цел. (На пример, фрижидер: оптимизирање на брзината и работата на компресорот и приспособување на поставената температура на замрзнувачот.) Потрошувачката на енергија и проценетите трошоци прикажани во SmartThings Energy може да се разликуваат од вашата вистинска употреба и цена.
- 2 AI Energy Mode се применува на DU7000 и понови модели, како и на LS01D/LS03D, пуштени во 2024 година. Дознај повеќе на Samsung.com.
- 3 Стапката на заштеда на енергија може да се разликува во зависност од регионите, моделите, големините, условите за гледање или типот на содржина. На производите испорачани во Eco Mode некои функции на AI Energy Mode се стандардно овозможени, така што нивото на заштеда на енергија со вклучување на AI Energy Mode може да изгледа пониско од реалното. AI Energy Mode не работи со Gane Mode. Заштедите на енергија се засноваат на резултатите од внатрешните тестови и може да се разликуваат во зависност од содржината што се прикажува и нивото на осветленост на околината.
- 4 Galaxy S22 Ultra: 6 компоненти на уредот кои имаат минимум 20 % пластика од рециклиран материјал по потрошувачката. Овие компоненти вклучуваат S Pen, внатрешен капак и држач за копче (RPA), странично копче, копче за јачина на звук, модул за горен звучник и модул за долен звучник (RPC). RPA (Recycled Polyamide) е направен од фрлени рибарски мрежи. RPC значи Recycled Polycarbonate. Се мери врз основа на тежината.
- 5 Galaxy S24 Ultra има 9 компоненти (Galaxy Z Fold6 и Flip6: 13 компоненти) направени со минимум 10 % рециклирана пластика добиена од фрлени рибарски мрежи, буриња за вода и PET-шишиња.
- 6 Galaxy Tab S9 Ultra има 15 компоненти) направени со минимум 10 % рециклирана пластика добиена од фрлени рибарски мрежи, буриња за вода и отпад од PBT.
- 7 Galaxy Watch Ultra има 2 компоненти направени со минимум 20 % рециклирана пластика добиена од фрлени буриња за вода.
- 8 Galaxy Buds3 Pro содржи 17 компоненти направени со минимум 20 % рециклирана пластика добиена од фрлени рибарски мрежи и буриња за вода.
- 9 Футролата на далечинскиот управувач SolarCell вклучува минимум 24 % рециклирана пластика кај CU7700 и понови модели, пуштени во 2023 година. Се мери врз основа на тежината. Држачот на далечинскиот управувач SolarCell само за нов модел од 2024 година на The Frame, The Serif, и The Premier вклучува минимум 20 % рециклирани материјали од фрлени рибарски мрежи. Се мери врз основа на тежината.
- 10 Филтерот за замаглување на Clean Station во Bespoke Jet™ AI е направен од најмалкуt 30 % Post Consumer Recycled material (PCM) и најмалку 10 % рециклиран материјал од polyamide (PA) од морски отпад. Измерено според тежината. За содржината на рециклирани материјали, тие материјали добија ECV (Environmental Claims Validations) од UL (Underwriters Laboratories). (Број на сертификација од UL : 293089-4210)
- 11 Тестирано со товар од 2 кг од 100 % горни тренерки од полиестер, споредувајќи го циклусот за синтетика на конвенционалниот модел на Samsung WW4000T и Less Microfiber™ Cycle на WW9000B. Резултатите може да се разликуваат во зависност од алиштата и средината. Тестирано во Ocean Wise Plastics Lab.
- 12 Зарабува приближно 89 – 98 %; лабораториски тестиран со користење на товар од 2 кг синтетичка ткаенина во машината за перење WW90T734DWH, WF24A9500KW.