Мобилност

Мобилност

Паметен телефон/таблет

Универзален прекинувач
Корисниците кои имаат тешкотии во движењата може лесно да го контролираат уредот со разновидни прекинувачи, како што се движење на главата, гест на лицето и надворешен прекинувач. Универзалниот прекинувач ви овозможува да назначите одредени допири или гестови за да контролирате одредени дејства на вашиот телефон.

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Универзален прекинувач

Дознајте повеќе
Мени на помошникот
Ја прикажува иконата за помошната кратенка за пристап до апликации, функции и поставки. Менито на помошникот ви овозможува лесно да го контролирате телефонот со едноставно допирање на менија за помош на екранот наместо на физичките копчиња на вашиот телефон.

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Мени на помошникот

Дознајте повеќе
Пристап со глас
Кога имате тешкотии при допирање на екранот, може да користите Пристап со глас за да го контролирате вашиот уред со глас. Пробајте едноставни гласовни наредби за навигација како што се 'Врати се назад' или 'Оди на почетен екран'. Пробајте да ги отворите вашите омилени апликации. Пристапот со глас има и приказ на мрежа/број што може да го повикате така што ќе кажете 'Прикажи мрежа/број', а тоа ви овозможува да користите наредби како 'Допри 3', 'Лизгај надолу на 7' и така натаму за да го контролирате тековниот екран.
  • * Како да примените : Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Пристап со глас
  • * Оваа функција ќе се обезбедува од One UI 4.0.
  • * Пристапот со глас моментално поддржува англиски, француски, италијански, германски, шпански, португалски, а планирана е поддршка на повеќе јазици во блиска иднина.
Одговарање и завршување повици
Ако ви е тешко да го повлечете копчето на екранот за да одговорите на дојдовниот повик, функцијава ќе ви помогне. Можете да го користите копчето за зголемување на јачината на звукот за да одговорите на повиците и страничното копче за да ги завршите.

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Одговарање и завршување повици

Поставки за допир
За некои луѓе, интеракцијата со допир е тешка поради треперењето на рацете. Функциите на поставките за допир дадени подолу може да помогнат за намалување на грешките и за персонализација на вашите интеракции за подобра контрола.
  • Доцнење на допри и задржи: приспособете ја должината на интеракцијата што треба да се препознае како интеракција за задржување.
  • Времетраење на допирот: приспособете ја должината на периодот на интеракција за да ги намалите ненамерните допири.
  • Игнорирање на повеќекратните допири: поставете времетраење за игнорирање на повеќекратните допири по првиот допир.

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Поставки за допир

Глувче и физичка тастатура
Персонализирајте ги вашите интеракции со физичката тастатура за поддршка на треперењето на рацете, притискање комбинации на копчињата и друго. Исто така, може да го поставите глувчето да кликнува автоматски кога покажувачот ќе престане да се движи со физичкото глувче.
  • Автоматско дејство по запирање на покажувачот: поставете дејство што ќе се извршува автоматски откако покажувачот на глувчето ќе престане да се движи или кога ќе го поместите покажувачот на глувчето до секој агол.
  • Лепливи копчиња: притискајте едно по едно копче за комбинација наместо да ги држите притиснати сите копчиња одеднаш.
  • Бавни копчиња: приспособете ја должината на притискање на копчињата што треба да се препознае како влез за да ја намалите ненамерната интеракција.
  • Копчиња за отскокнување: поставете време на чекање за второ притискање на истото копче за да избегнете притискање на истото копче по грешка.

* Каде да најдете: Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност > Глувче и физичка тастатура

Време за преземање дејство
Може да изберете колку долго да се прикажуваат пораките што бараат од вас да преземете дејство, но се видливи само привремено, како што се привремените известувања на екранот или контролерот за јачина на звук. Тоа ќе ви помогне да не го пропуштите она што ви е потребно.

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Напредни поставки > Време за преземање дејство

Кратенки за пристапност
Кратенките за пристапност ви овозможуваат побрзо и полесно да пристапите до функциите за пристапност.
  • Користете копче/гест за пристапност
  • Брзо притиснете ги страничното копче и копчето за зголемување на јачината на звукот
  • Притиснете и задржете ги копчињата за зголемување и намалување на јачината на звукот

* Како да примените: Поставки > Пристапност > Напредни поставки > Кратенки за пристапност

Препорачано за вас
Може да проверите кои функции за пристапност се овозможени и да ги добивате препорачаните функции што ви се попрактични.

* Каде да најдете: Поставки > Пристапност > Препорачано за вас

Ресетирај ги поставките за пристапност
Ресетирајте ги стандардните поставки за пристапност, а другите персонализирани поставки да останат непроменети.

* Како да примените: Поставки > Општо управување > Ресетирај > Ресетирај ги поставките за пристапност

Часовник

Универзални гестови
Лесно контролирајте го вашиот часовник со само една рака. Движењата со една рака ви помагаат да извршувате различни дејства како што се лизгање на екранот или притискање на копчињата.
  • * Како да примените : Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност
  • * Оваа функција ќе биде достапна од One UI Watch 5.0.
Поставки за допир
За некои луѓе, интеракцијата со допир е тешка поради треперењето на рацете. Функциите на поставките за допир дадени подолу може да помогнат за намалување на грешките и за персонализација на вашите интеракции за подобра контрола.
  • Доцнење на допри и задржи: приспособете ја должината на интеракцијата што треба да се препознае како интеракција за задржување.
  • Времетраење на допирот: приспособете ја должината на периодот на интеракција за да ги намалите ненамерните допири.
  • Игнорирање на повеќекратните допири: поставете времетраење за игнорирање на повеќекратните допири по првиот допир.
  • * Каде да ја најдете :  Поставки > Пристапност > Интеракција и умешност
  • * Оваа функција ќе биде достапна од One UI Watch 4.5.
Време за преземање дејство
Може да изберете колку долго да се прикажуваат пораките што бараат од вас да преземете дејство, но се видливи само привремено, како што се привремените известувања на екранот или контролерот за јачина на звук. Тоа ќе ви помогне да не го пропуштите она што ви е потребно
  • * Како да примените : Поставки > Пристапност > Напредни поставки > Време за преземање дејство
  • * Оваа функција ќе биде достапна од One UI Watch 4.5.

ТВ

Повторување на бавните копчиња
Ако не ви е удобна брзината на работа на копчињата на далечинскиот управувач, Повторувањето на бавните копчиња ви овозможува да ги забавите. Може да ја приспособите брзината на континуирано работење на далечинскиот управувач за да ги направите каналите, јачината на звукот или ставките од подвижниот список попрактични за ракување.

* Како да поставите: притиснете Почетен екран > Мени > Поставки > Сите поставки > Општо и Приватност > Пристапност > Повторување на бавните копчиња

Фрижидер

Странична навигација
Корисниците може лесно да пристапуваат до главните функции на апликацијата. Главните контроли се отстрана, а висината е приспособлива. Ако контролите се премногу високо или премногу ниско, може да ги приспособите онака како што ви одговара.

* Оваа функција се применува на фрижидерот Family Hub.

Тенка лесна рачка
Лесната рачка е нов начин за отворање на вратите и таа обезбедува лесен пристап без никаков напор. Создадена за удобност и практичност на корисникот, оваа рачка е дизајнирана да им го олесни на корисниците отворањето на големата врата на новиот фрижидер на Samsung.

* Оваа функција се применува за модели со една врата со вертикална рачка.

Апарати опремени со Bixby
Користете го вашиот фрижидер Family Hub со гласовна контрола за да ги задоволите вашите физички потреби. Кога сте зафатени со готвење, кажете „Здраво Bixby“ и натерајте го Bixby да пушта музика од вашиот фрижидер или гласно да го чита вашиот омилен рецепт. Дозволете Bixby да ја заврши работата за вас.

* Оваа функција се применува на фрижидерот Family Hub.

Поддршка за корисници за пристапност

Ние сме тука да ви помогнеме и да го подобриме вашето искуство со пристапноста