Зошто мојот Galaxy Watch6 се рестартира caм?
Функцијата на компасот на Galaxy Watch6 Classic содржи софистицирани геомагнетни сензори кои ја одредуваат насоката на Вашиот часовник во однос на магнетното поле на Земјата. Тие се користат за различни функции, вклучително и зголемување на точноста на локацијата и насоките.
Кога го калибрирате или полните Watch6 Classic во близина на силно магнетно поле, како магнетна нараквица или е-цигара, ротирањето на рамката може да резултира со логичка грешка, што ќе предизвика рестартирање. Ова може да се случи кога има пречки со компасот на екранот на часовникот.
Имајте предвид: Не сите екрани на часовникот се компатибилни со функцијата за компас.
Како можам да го избегнам ова повремено рестартирање?
Секогаш кога е можно, избегнувајте да ја ротирате рамката на Galaxy Watch6 Classic кога калибрирате или полните во близина на силни магнетни полиња.
Ако проблемот со рестартирањето продолжи, отстранете го компасот на екранот на часовникот, што ќе помогне да се справите со ова:
Имајте предвид: Вртењето на рамката налево повторно ќе го овозможи компасот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window