Што да направите доколку вашиот Samsung Galaxy уред не реагира на S Pen Воздушни дејства
Има многу причини зошто вашиот Galaxy уред може да не реагира на S Pen Воздушни дејства. Овој водич ќе ги опфати чекорите за решавање проблеми на вообичаените проблеми, како што се проверка на опсегот на S Pen, отстранување додатоци од трети страни и ресетирање на пенкалото, доколку е потребно.
Забелешки:
- Можете да поврзете само оригинално Samsung S Pen што поддржува Bluetooth со ниска енергија (BLE) за далечинско управување со апликациите.
- Може да се појави pop-up прозорец со барање да се даде дозвола за користење на функцијата Воздушни дејства во одредени апликации.
За да ги користите Воздушни дејства и далечинските опции, S Pen мора да остане на 10 метри од вашиот телефон или таблет без пречки. Надвор од овој опсег, врската може да падне. Ако врската се изгуби, вметнете го S Pen во телефонот или прикачете го на таблетот за повторно да го поврзете.
Забелешки:
- Доколкѕ S Pen-от се исклучи, повторно ќе се поврзе автоматски со вашиот уред ако се врати во опсегот на вашиот уред во рок од пет минути.
- Ако вашиот S Pen сè уште не е препознаен од вашиот телефон или таблет, отстранете ги футролите или капаците од трети страни од уредот. Потоа, повторно поврзете го S Pen.
Проверете го статусот на батеријата
За далечинско управување со апликациите користејќи го S Pen копчето, S Pen мора да биде полн. За да го наполните S Pen, вметнете или прикачете го S Pen во вашиот уред. Потребни се само неколку минути за целосно полнење. Ако Воздушни дејства се исклучени, S Pen ќе се полни само кога се полни телефонот или таблетот.
Проверете дали Воздушни дејства се овозможени
Осигурете се дека Воздушни дејства се овозможени во поставките за S Pen и дека акциите на апликациите се вклучени за оние апликации што сакате да ги користите.
Ако сите горенаведени методи не функционираат, обидете се да го ресетирате вашето S Pen. Ресетирањето на S Pen ќе ги врати сите приспособени далешински функции на нивните стандардни поставки.
За да го ресетирате S Pen-от, прво вметнете го пенкалото во телефонот или прикачете го на таблетот додека не кликне на своето место. Потоа следете ги инструкциите подолу:
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window