Како се користи функцијата AR Doodle во Note10
Можете да снимате забавни видеа со помош на функцијата за виртуелно рачно пишување или да цртате врз лица, или врз нешто друго. Кога камерата препознава лице или празен простор, исцртаното врз лицето ќе се движи како што се движи лицето, односно цртежот врз празниот простор ќе остане фиксиран врз просторот (пр. ѕид) како што се движи камерата.
1
Вклучете ја апликацијата Camera и допрете на Video во списокот со начини на сликање и снимање.
2
Допрете и изберете го режимот што го посакувате. Кога камерата ќе го препознае субјектот, на екранот ќе се појави површината што го прави препознавањето.
- Face: Цртајте врз лице.
- Everywhere: Цртајте врз сè друго.
* Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.
3
Пишувајте или цртајте во површината на препознавање лице или простор. Ако допрете и потоа почнете да цртате, можете да се снимите како цртате.
* Оваа слика е примерок на англиски јазик, но достапен и на јазикот во вашата земја.
4
Допрете за да снимите видео.
5
Допрете за да престанете со снимање видео. Можете да го гледате и споделувате видеото во галеријата.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window