Како да ги поврзете и да ги ажурирате Galaxy Buds+ со телефонот Galaxy

Направени да се спаруваат беспрекорно со Samsung Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra 5G, може да ги контролирате Galaxy Buds+ од телефонот Galaxy, паметниот часовник, таблетот, па дури и со гласовните асистенти како што е Bixby. Дознајте колку е лесно да ги поврзете и да ги ажурирате Galaxy Buds со телефонот Galaxy на следново видео за да извлечете максимум од слушалките.

Следете ги чекорите за да ги поврзете и да ги ажурирате слушалките.

Забелешка: 

  • ВАЖНО: МОРА да ги преземете и да ги инсталирате апликациите „Galaxy Wearable“ и „SmartThings“ од продавницата Google Play или од продавницата Galaxy. 
  • Уверете се дека тие апликации се најнова верзија.
  • Сликата прикажана во ова видео е пример на англиски јазик, но исто така е достапна на избраниот јазик на Вашиот телефон.
  • Корисничкиот интерфејс на софтверот може да се разликува во зависност од моделот на мобилниот уред и верзијата на апликацијата Galaxy Wearable.
  • Ако не трепка индикаторот на слушалките, поврзете го куќиштето за полнење со полнач и полнете ги повеќе од 30 минути. 

Дел 1. Поврзете ги Galaxy Buds+ со телефонот Galaxy

Како да ги поврзете слушалките

Чекор 1. Лизгајте надолу за да го видите панелот за известувања и проверете дали е вклучен  Bluetooth.

Чекор 2. Проверете ја насоката на секоја слушалка и поставете ги во правилна насока.

Чекор 3. Отворете го куќиштето за полнење.

Слушалките автоматски ќе влезат во режим за спарување преку Bluetooth и ќе се појави скокачки прозорец на мобилниот уред.

Чекор 4. Допрете Connect (Поврзи) на скокачкиот прозорецот. Ќе се активира апликацијата Galaxy Wearable.

Чекор 5. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поврзувањето. 

Чекор 6. Сега ќе видите информации и контроли за поставување на buds+ во апликацијата Galaxy Wearable. 

Дел 2. Ажурирајте ги Galaxy Buds+ преку мобилниот уред

Како да ги ажурирате слушалките

Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Galaxy Wearable на мобилниот уред.

Чекор 2. Лизгајте надолу и допрете на Earbuds software update (Ажурирање на софтверот за слушалките).

Чекор 3. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај) за мануелно ажурирање.

Чекор 4. Вклучете автоматско преземање на ажурирањата кога телефонот ќе биде поврзан на Wi-Fi мрежа.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window