Функција Автоматско зумирање на Samsung Galaxy Z Flip6

Автоматско зумирање е нова функција на Galaxy Z Flip6 што препознава луѓе или домашни миленици и автоматски се приспособува на оптималното зумирање кога фотографирате во Режим Flex.

Зумирана слика на Galaxy Z Flip6

Забелешка: ако не го монтирате стабилно телефонот кога фотографирате, телефонот може да се тресе, а Автоматско зумирање може да не работи правилно.

Како да користите Автоматско зумирање

Автоматско зумирање работи само во режимот на фотографија кога фотографирате во Режимот Flex. Функцијата не е поддржана во други режими, како што се режими за портрет или видео.

Чекор 1. Притиснете го копчето за вклучување или допрете двапати на екранот за да го разбудите насловниот екран > допрете и повлечете ја иконата за Камера кон центарот од насловниот екран.

Отворање на FlexCam на Galaxy Z Flip 6 GIF

 

* Исто така, можете брзо да го притиснете копчето за Вклучување двапати за да ја активирате апликацијата Камера.

Чекор 2. Отворете го преклопувањето за да активирате Режим Flex.

Galaxy Z Flip6 во режим Flex

Чекор 3. Допрете ја иконата за Автоматско зумирање за да ја вклучите функцијата > зумирањето автоматски ќе се промени според сцената и субјектите.

Куче седи на каучот Куче седи на каучот

Исклучено Автоматско зумирање

Куче седи на каучот Куче седи на каучот

Вклучено Автоматско зумирање

Забелешка: ако сакате да дознаете повеќе за Режим Flex и како да фотографирате со функцијата FlexCam, погледнете ја оваа статија.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window