Како да го користите SmartThings за да ги скенирате етикетите за грижа и карактеистиките на детргентот

Грижа за облеката на SmartThings

Новите карактеристики за перење алишта овозможени од вештачката интелегнција на апликацијата SmartThings се дизајнирани да го подобрат Вашето искуство со перењето алишта со персонализирана грижа. Регистрирајте ја Вашата облека за да добиете приспособени препораки за перење и циклуси за оптимално чистење и употребете ја функцијата за скенирање на детергентот за да се уверите дека за секое полнење со алишта се користи точната количина на детергент.

Модел

Карактеристики

Грижа за облеката

Скенирање на детергентот

Скенирање на етикетата

WW8400D

WW7400D

WW7000D

X

WW6400D

X

X

WW6000D

X

X

Најпрво, регистрирајте ја Вашата облека со скенирање на етикетите за грижа за да добиете препораки за перење на алиштата.

1 Отворете ја апликацијата SmartThings.
Икона за SmartThings
2 Допрете ја картичката Живот.
Картичка „Живот“ на почетната страница на SmartThings
3 Допрете на картичката Грижа за облеката (можеби ќе треба да почекате да се преземе).
Картичка „Грижа за облеката“ во делот „Живот“ на SmartThings
4 Допрете на Скенирај етикети за грижа.
Допрете на „Скенирај етикети за грижа“
5 Скенирајте ја етикетата за грижа на Вашата облека.
Скенирајте ја етикетата за грижа за облеката
6 Поставете го името и типот на облека и потоа допрете на Зачувај.
Поставете го името и типот на облека и потоа допрете на „Зачувај“

Делот „Грижа за облеката“ ќе даде и препораки за циклус за облеката во Вашиот плакар како што се температура, центрифугирање, тип на детергент и друго врз основа на етикетата за грижа.

1 Допрете на Моја гардероба.
„Моја гардероба“ во делот „Грижа за облеката“
2 Изберете ја облеката што сакате да биде препорачана за циклусот и допрете на Добиј препорачани циклуси.
Опција „Добиј препорачани циклуси“ во „Моја гардероба“
3 Вештачката интелегенцијаќе ја анализира етикетата за грижа и ќе даде опции за перење/циклус.
4 Допрете на Старт ако сакате да продолжите со препорачаниот циклус.
Започнете го препорачаниот циклус

По скенирањето на баркодот на Вашиот детергент, можете да добиете совет за детергентот и да ги промените поставките за перење врз основа на добиените информации.

1 Допрете на Скенирај детергенти.
Скенирање детергенти за грижа за облеката
2 Скенирајте го баркодот на Вашиот детергент или омекнувач.
Скенирајте го баркодот на Вашиот детергент или омекнувач
3 Потоа, вештачката интелегенција ќе даде препорачана количина на детергент што треба да ја користите во следниот циклус.
Препорачана количина на детергент што треба да ја користите во следниот циклус

Имајте предвид: Во случај на неуспешно скенирање, ќе се појави скокачки прозорец за да ја внесете количината на детергент/омекнувач и алишта рачно.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window