Galaxy Z Fold6
Моќност како компјутер во твојот џеб со Galaxy Z Fold6. Помоќен од кога било досега со супертенок, практичен екран. А сега, подобрен со Galaxy AI на сите уреди на преклоп.
Разнобојно. Самоуверено. Прекрасно
Претходно поставен агол
Претходно поставен агол
N/A
Galaxy AI пристигна на Galaxy уредите на преклоп
Заокружи за пребарување
Заокружи за да пребараш на големиот екранОва е ефикасен начин да пребаруваш на еден паметен телефон — едноставно заокружи. Зголеми ја продуктивноста на големиот екран што се отвора, и тоа со прст или со S Pen пенкалото.
Помош за белешки
Најлесниот начин за сумирање белешки на преклопните Galaxy уредиДобивај белешки од предавањата со само неколку допири — дури и кога вршиш мултитаскинг. Функцијата Note Assist ги транскрибира снимките и ги организира во белешки, создавајќи ефикасни резимеа. А за сѐ останато, тука е S Pen пенкалото, подготвено да направи чуда на екранот.
Помош за фотографирање
Лесно уредување. Благодарение на Galaxy AIМоторот кој препознава предмети ти овозможува да си ги уредуваш фотографиите колку ти душа сака. Со Помош за фотографирање, само допри и задржи го предметот за да го поместиш, избришеш или зголемиш; а исто толку едноставно можеш да ги приспособуваш аглите или да ја пополниш заднината.
Преведувач
Врвно искуство со преведување со двоен екран,Патуваш и треба да разговараш со локалците? Опцијата Преведувач преведува инстантно, без разлика дали зборуваш ти или слушаш глобална конференција на странски јазик или туристички водич.
Разговарај со Google Gemini за да ги надградиш твоите идеи
Благодарение на долготрајното партнерство на Samsung со Google, твојот Galaxy сега доаѓа со апликацијата Google Gemini. Разговарај со Gemini за да добиеш помош во учењето нови начини, пишувањето белешки за благодарност, планирањето настани и друго.
ВПУШТИ СЕ ЦЕЛОСНО
*DARK AND DARKER MOBILE Е ТРГОВСКА ОЗНАКА ИЛИ МАРКА НА KRAFTON, INC.
Стани професионалец. ProVisual Engine
Запознај го најмоќниот систем на камери на Fold досега. Доаѓа со надграден NPU, восхитувачки спецификации и ProVisual Engine, така што ќе го трансформира твоето искуство со мултимедија.
предна камера
-
10 MP Камера на надворешниот екран
-
4 MP Камера под екранот
задна камера
-
12 MP Ултраширока камера
-
50 MP Широкоаголна камера 2x зум со оптички квалитет
-
10 MP 3x оптички зум Телефото камера
Огромен фокус на деталите
Со нашата камера со висока резолуција од 50 MP, секој детаљ оживува со неверојатна јасност и живописност.
Разубави ги нештата со Super HDR
Мора да видиш за да поверуваш. Super HDR правилно ги нагласува деталите за тие да се истакнат и да блеснат, дури и пред да ја сликнеш сликата.
Издржлив. Веродостоен. Направен да трае
Зошто да преминеш на Galaxy
Префрли се на Galaxy
Префрли се на Galaxy, лесно е. Подигни го твоето искуство со функции ексклузивни за корисниците на Galaxy.
Дознај повеќеИспробај го Galaxy на твојот телефон
Го искуси најновиот Galaxy уред досега? Сакаш веднаш да го испробаш? На твојот телефон! Едноставно скенирај го QR-кодот и преземи за да започнеш.
Оди на trygalaxy.comПромените започнуваат со мали чекори
Нашата цел е поодржлива иднина.
Дополнителна опрема
Често поставувани прашања
Претходно поставен агол
N/A
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустрација. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Потребно е поврзување на интернет. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат својот Android и апликацијата Google на најновата верзија. Работи со компатибилни апликации и површини. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За опцијата Summary за Note Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Функцијата за резимирање за опцијата Note Assist се активира кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци и тој број е под ограничувањето за знаци. Функцијата за гласовно снимање за опцијата Note Assist може да не е поддржана во некои земји. Аудио датотеките мора да траат помалку од 3 часа за да може да се процесираат. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Споредено со претходни Galaxy Z Fold модели.
- Дебелината е измерена од горниот до долниот крај на стаклото кога уредот е отворен.
- Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Galaxy Z Fold6 нема вграден слот за S Pen пенкало. S Pen пенкалото се продава одделно. Користете S Pen пенкало дизајнирано за Galaxy Z Fold. S Pen Fold Edition пенкалото е компатибилно со Galaxy Z Fold5 и Z Fold6. Сите други S Pen пенкала или други пенкала може да го оштетат екранот. Поддршката за S Pen пенкало е ограничена само на главниот екран.
- За карактеристиката Composer за опцијата Chat Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Функцијата се активира кога ќе се исполни условот за одреден број јазични знаци. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За опцијата Summary за Browsing Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Услугата може да има ограничена функционалност или да не е достапна на одредени платени веб-локации. Се применува ограничување во јазични знаци. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За карактеристиката Generative Edit за опцијата Photo Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Generative Edit може да резултира со фотографија со променета големина до 12 MP. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- За карактеристиката Portrait Studio за опцијата Photo Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Portrait Studio резултира со фотографија со променета големина до 9 MP. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- Карактеристиката Instant Slow-mo за Photo Assist е достапна само на Samsung Видеоплеер и Samsung Галерија. Може да не биде достапна на одредени видови видео датотеки. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За опцијата Sketch to Image е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Sketch to Image може да резултира со фотографија со променета големина до 12 MP. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- За функцијата Interpreter е потребно најавување на Samsung Account. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапноста на поддржани јазици може да се разликува.
- Гледањето и на двата екрани е можно само во режимот за разговор.
- За карактеристиката Превод во живо е потребно мрежно поврзување за да добивате пораки од повици. Може да преведува без мрежно поврзување откако уредот ќе ги прими пораките од повиците. Потребно е најавување на Samsung Account. Карактеристиката Live Translate е достапна само на инсталираната апликација Samsung Phone и на некои апликации на независни производители. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот или регионот. За одредени јазици може да биде потребно групно преземање. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Потребно е поврзување со интернет и најава на сметка на Google. Корисниците треба да ја преземат или да ја ажурираат апликацијата Google Gemini на најновата верзија. Провери ја точноста на одговорите. Gemini е трговска марка на Google LLC. Вклучувањето на Gemini се воведува на избрани уреди и земји – вклучи се во Gemini од твојот Google Assistant или со преземање на апликацијата Gemini. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста на функцијата може да се разликува во зависност од содржината.
- Ограничено само за Samsung паметни телефони.
- Galaxy Z Fold6 има најголема осветленост од 2600 нити на главниот екран и на надворешниот екран. Екраните се адаптивни, автоматски приспособувајќи го нивото на осветлување според околината. Во средина со 5000 лукси или повеќе, се активираат режимот на висока осветленост High Brightness Mode и режимот Vision Booster.
- Споредено со Galaxy Z Fold5.
- Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници.
- Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со Galaxy Z Fold5. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
- Ограничено на паметните телефони Galaxy на преклопување.
- Вистинскиот век на траење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен и независно проценет од UX Connect Research со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи.
- Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видео (резолуција на видео од 720 p, зачуванo на уредот) и репродукција на аудиозапис (датотека mp3, 192 kbps, зачувана на уредот со исклучен LCD екран), соодветно. Реалното време на репродукција на аудио и видео се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Функцијата Zoom Map се активири на 20х зумирање или повеќе.
- За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има Android 4.3™ или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 4.0 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
- За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Контактите, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
- Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
- Карактеристиката Quick Share е достапна меѓу Galaxy уреди со следниов оперативен систем: паметни телефони и таблети што работат на Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова верзија, компјутери што работат на Windows 10 или понова верзија. Потребни се Samsung Account и Bluetooth поврзување. Quick Share меѓу iOS и Android уреди е достапно со испраќање споделена врска: поединечните датотеки што се споделуваат не смее да надминуваат 5 GB (вкупно 5 GB дневно), а врската ќе истече по два дена; потребни се Samsung Account и интернет поврзување.
- Споредено со претходни модели.
- Рамката Armor Aluminum не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
- Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на уредот.
- Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути и за заштита од тврд предмет поголем од 1 mm, како на пример жица. Не се препорачува употреба на плажа или во базен. Водоотпорноста на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење. Не е отпорен на прав ни на песок.
- Покритието за Samsung Care+, видот на услугата и деталите на промоцијата може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот и може да важат одбитоци (надомест за услуга). Може да биде потребно да се регистрирате за да бидете подобни за придобивките од промоцијата за Samsung Care+. За повеќе информации за Samsung Care+, посетете ја https://www.samsung.com/samsung-care-plus/.
- Уредите Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 се продаваат одделно.
- Енергетските поени се достапни на Android телефони (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. За да ги провериш Енергетските поени, здравствените податоци кои ги следи часовникот Samsung Galaxy Watch мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за срцебиењето за време на спиење. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold6 е 7,6” како цел правоаголник и 7,6” кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли.
- Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold6 е 6,3” како цел правоаголник и 6,2” кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
- Достапноста на функцијата Air Command може да се разликува во зависност од моделот или апликацијата.
- Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Fold6 е 4273 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Expert RAW мора да се преземе одделно од Galaxy Store, бесплатно, пред употреба. Поддржано на уреди од S24 и S23 сериите, S22 серијата, S21 Ultra, S20 Ultra, Note20 Ultra, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Fold4, Z Fold3 и Z Fold2.