
Не пропуштај ги најважните моменти
Едноставно. Моќно
Galaxy S25 plus во темносина боја долетува во кадар и се гледа од задната страна. Потоа, Galaxy S25 во ледено сина боја, којшто е помал по големина, се појавува до него и му се гледа предната страна.
Запознај ги Galaxy S25 и S25+. Елегантен, премиум дизајн, заштитен со цврста алуминиумска рамка, со живописен екран, софистицирана камера. Сега е потенок, за поудобно држење.,
Galaxy AI
Now Bar влегува од лево кон десно со известување од Now Brief. Потоа, Now Bar се движи кон дното на главниот екран на Galaxy S25 plus кој влегува во фокус. Се појавуваат и три други известувања од Now Bar, наредени над првото, тајмер, музика и вежба.
Зачекори во новата ера на AI за мобилни телефони со AI асистент кој е секогаш чекор пред тебе за сите твои потреби. Сѐ што треба е да комуницираш природно за да го водиш и ќе ја завршуваш секоја обврска со леснотија.
Притисни, кажи, готово
Се гледа страничното копче на Galaxy S25 plus. Долго притиснете го страничното копче за да побарате од Google Gemini користејќи природен јазик да ги наведе местата споменати во видеото и да го зачува како белешка. Ќе помине низ различни апликации за да пребарува онлајн и потоа да креира и зачува белешка.
Беспрекорно заврши ги своите задачи без да мора да преминуваш на различни апликации. Едноставно притисни и задржи го страничното копче за да пристапиш до Google Gemini за помош и тој ќе се погрижи за работиш во еден потег.
Премини во живо, добивај одговори
Gemini Live е активен и Talk Live е избран. Следно, слика се испраќа како прилог на Gemini Live. Gemini Live ја анализира сликата и можете да зборувате напред-назад за содржината користејќи природен јазик.
За лесна и течна комуникација со Gemini Live во врска со барање идеи или подготовка на презентации приложувај му слики и добивај одговори во реално време што се приспособени на твојот стил на комуникација.
Персонализирани известувања во текот на целиот ден
Now Brief испраќа персонализирани кратки прегледи во текот на денот. Утринскиот краток преглед вклучува новости за временската прогноза и Energy Score, пладневниот краток преглед вклучува совети за возење и новости за купони кои истекуваат, а вечерниот краток преглед вклучува резиме на денот со слики од вашата Галерија и истакнатите дневни активности.
Добивај персонализирани известувања во текот на целиот ден од новата функција Now Brief.
Започни го утрото со преглед на обврските за денот, како проверка на нивото на енергија и потсетниците за распоредот на обврски. Навечер, рекапитулирај ги настаните од денот со увид во дневните активности.
Заокружи, пронајди. Слушни, пронајди
Заокружете за да пребарувате со Google ви овозможува да пребарувате што сакате на вашиот екран и да добиете информации побрзо со AI Преглед. Само заокружете со прстот даден предмет, вклучително фотографии, видеа или текст, и ќе добиете резултати веднаш. Може дури да ја пребарате песната што ја слушате во моментот без да менувате апликации.

Студио на дланка
Се гледа снимка од субјекти со звучни бранови на средината. Во Audio Eraser, избраната несакана бучава може да се намали од 0 на минус 100. На минус 100, се означува Mute (Исклучен звук).
Истакнувањето видеоролни сега е полесно
Истакнати моменти од неколку различни видеа се монтираат заедно со помош на Audio Trim.
Иднината на здравјето, отсега персонализирана

Личните податоци си остануваат лични
Personal Data Engine ги комбинира и обработува примарните податоци и дава приспособени предлози. Ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со Knox Vault и со тоа ги прави недостапни за други лица.
Најнапредната AI Provisual Engine
Објективот на камерата на Galaxy S25 plus влегува во кадар, а целиот уред се свртува за да покаже како изгледа задната страна. Од главниот екран се гледа друг уред од задната страна за да ја покаже предната камера.
Нашиот ProVisual Engine сега е зајакнат со нашиот моќен процесор. Искуси го нашиот напреден креативен систем за снимање, гледање и уредување што мора да го видиш за да поверуваш во него.
- 12 MP Селфи камера
- 12 MP Ултраширока
- 50 MP Широкоаголна 2x зум со оптички квалитет
- 10 MP Телефото камера 3x оптички зум
Видео Nightography без конкуренција. Помалку бучава, почисто видео
Два субјекти играат кошарка навечер. Снимката е јасна благодарение на камерата на Galaxy S25 plus.
Сега може да снимаш во подобрена 10-битна HDR за уште поневеројатни видеа. Нашата напредна AP овозможува попрецизно отстранување на шумот што значи дека веќе не треба да се грижиш поради нечистите ноќни снимки.,
Филтри создадени само за тебе

Најмоќниот процесор, прилагоден за Galaxy
Процесорот од 3 nm се гледа како лебди над чип-плочката пред да се потпре на врвот. Различни зраци на светлина излегуваат од АП пред да се трансформираат во уред Galaxy S25 plus. Уредот се гледа хоризонтално од страничниот профил пред да се ротира за да се прикаже сцена од играта Wuthering Waves на главниот екран. Овозможено од Snapdragon 8 Elite за Galaxy.
Го претставуваме нашиот најмоќен процесор, прилагоден за Galaxy. Со подобрено следење со зраци во реално време и оптимизацијата Vulkan, нурни се во акција со непречено играње игри благодарение на мобилната платформа Snapdragon® 8 Elite за Galaxy.,,,
-
CPU
45 % побрзо процесирање
-
GPU
48 % подобрени графички перформанси
-
NPU
68 % побрзи перформанси на AI

Унапредено со прецизност. Види ја разликата
Споредба пред и потоа на екранот на уред Galaxy што ги покажува ефектите од ProScaler. ProScaler овозможува подетална графика.
Квалитетот на сликата на екранот е уште поневеројатен со нашиот вграден ProScaler. Обработката со AI-алгоритам се користи за да се обезбеди искуство на гледање во висока дефиниција без да се приспособуваат поставките на екранот.,
Неспоредливо траење на батеријата
Забрзана снимка од урбан пејзаж што поминува од ден во ноќ за 29 часа и 30 минути, благодарение на долготрајната батерија на Galaxy S25 plus.
Благодарение на нашата револуционерна технологија mDNIe вградена во приспособениот AP и на оптимизацијата на софтверот, времето на користење на батеријата на Galaxy S25 и S25+ е подобрено за да уживаш гледајќи видеа со часови.,
-
Гледај до
30 часа видеа на Galaxy S25+
-
Гледај до
29 часа видеа на Galaxy S25
Префрли се на Galaxy
Дознај повеќеЗаедно подобри со Galaxy
Синхронизирај ги Galaxy S25 и S25+ со други уреди Samsung во системот Galaxy за паметно, поврзано живеење.
-
Galaxy S25 Ultra
Дознај повеќе -
Galaxy Tab S10 Ultra
Дознај повеќе -
Galaxy Watch7
Дознај повеќе -
Galaxy Buds3 Pro
Дознај повеќе
Нашиот пристап приспособен на иднината
Сѐ се врти. Се фокусираме на енергетска ефикасност и на кружење на ресурсите во животниот циклус на сите производи. Дури и најмалите заложби значат многу и затоа сме посветени да правиме повеќе.
Заштити го однадвор, а истовремено приспособи го на твојот стил
Дизајниран да ти одговара на стилот, без оглед каква е футролата. Земи си функционална дополнителна опрема со уникатен стил.

Често поставувани прашања

- Резултатите се за илустративни цели. Потребно е поврзување со интернет и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Работи на компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Може да биде потребно да се постават одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.
- Споредено со претходни модели.
- Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерената струја врз потрошувачката на енергија од батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот), соодветно. Реалното време на репродукција на видео се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- Рамката Armor Aluminum не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
- Измерено дијагонално како цел правоаголник. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и/или дупката за камера. Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S25 е 6,2 инчи како цел правоаголник и 6,0 инчи кога се сметаат заоблените агли, големината на екранот на Galaxy S25+ е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,5 инчи кога се сметаат заоблените агли и големината на екранот на Galaxy S25 Ultra е 6,9 инчи како цел правоаголник и 6,8 инчи кога се сметаат заоблените агли; вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.
- Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 3885 mAh за Galaxy S25, 4755 mAh за Galaxy S25+ и 4855 mAh за Galaxy S25 Ultra.
- Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на уредот.
- Базирано на лабораториски услови за тестирање со потопување во слатка вода до 1,5 метри во траење до 30 минути. Не навлегува прашина; Целосна заштита од контакт (непропустливо за прашина) Отпорноста на вода и на прав на уредот не е трајна и може да се намали со тек на времето поради нормалното абење.
- Резултатите се за илустративни цели. Фукнцијата Gemini Live бара интернет-врска и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Компатибилно со одредени функции и одредени сметки. Достапно само за корисници над 18 години. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- За функцијата Now Brief е потребна најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот, апликацијата. За некои функции може да биде потребна мрежна врска. Треба да се овозможат режимите и рутините за да се користи Personal Data Engine за предлози за рутини засновани на контекст. Корисникот треба да се согласи да даде дозволи за пристап до, на пример, фотографии, видеа, аудиодатотеки и настани во календарот. Може да не покажува моменти во зависност од политиката за вредност на експозицијата. Описот на фотографиите даден преку моменти може да не е во иста линија со намерата на корисникот. Известувањето за распоред на настани е поддржано со апликации за календар што користат база на податоци за календарот на Android и е достапно ако е инсталиран Календарот на Samsung. Известувањата за купони се достапни само за купони додадени во Samsung Wallet со датум на истекување. За да се провери Energy Score, здравствените податоци кои се следени од Samsung Galaxy Watch или Samsung Galaxy Ring мора да се синхронизираат со апликацијата Samsung Health. Резултатот е само за ваша лична информираност и не е предвиден за медицински цели.
- Заокружете за да Пребарувате е трговска марка на Google LLC. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Потребна е врска со интернет. Корисниците може да треба да го ажурираат Android и апликацијата Google до најновата верзија. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните и аудио совпаѓањата. Точноста на резултатите не е загарантирана. Работи на компатибилни апликации и површини и само со амбиентална музика. Нема да ја идентификува музиката што доаѓа преку слушалките или ако јачината на звукот на телефонот е исклучена.
- Резултатите може да се разликуваат од едно до друго видео во зависност од тоа како се претставени звуците во видеото. Потребна е најава на Samsung Account. Може да се откриваат одредени типови звук, како што се гласови, музика, ветер, природа, гужва и бучава. Вистинското откривање на звукот може да се разликува во зависност од изворот на звукот и состојбата на видеото. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Максималната должина по клип што се уредува со помош на Auto Trim за функцијата Помош за фотографирање е 90 минути. Максималната должина на комбинирани клипови што се уредуваат со помош на Auto Trim за функцијата Помош за фотографирање е 180 минути. Максималниот број клипови што се уредуваат по видео-проект е 60 клипа. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Уредите Galaxy Watch се продаваат одделно.
- Knox Matrix е поддржана на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 7.0 или понова верзија. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Зум со оптички квалитет е овозможен од сензорот за Adaptive Pixel. 3 пати намалено растојание е оптички зум. 2 пати намалено растојание е зум со оптички квалитет.
- Споредено со Galaxy S24 и S24+.
- Подобрувањата на перформансите на AP се однесуваат на Galaxy S25+ и се споредени со Galaxy S24+. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
- „Wuthering Waves“ е трговска марка и/или регистрирана трговска марка на Kuro Games. Сега е достапна за преземање на Galaxy Store. Уметничките дела се заштитени со авторски права и Kuro Games има ексклузивни права. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред.
- Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници.
- Функцијата ProScaler е поддржана на моделите Galaxy S25+ и Ultra. Квалитетот на сликата може да биде подобрен до QHD+, во зависност од поставувањата за резолуцијата на екранот на уредот.
- Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
- За некои функционални помошни програми може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
- За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има Android 4.3™ или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 4.0 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
- За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Контактите, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
- Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
- Уредите Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Watch7 и Galaxy Tab S10 се продаваат одделно.