Wireless Charger Duo

Одбери боја

Боја :

Остави го телефонот во футролата

Твојот телефон се полни дури и додека е заштитен. Полнењето може да се одвива и преку тенки футроли, па нема потреба да се мачиш да ја извадиш футролата — едноставно остави и почни да полниш.

*Потребно е уредот да биде поставен во средина на левата подлога и да биде порамнет со адапатерот. *Тестови за полнење се извршени само на Samsung производи. *Ако футролата е подебела од 3 mm може да предизвика намалување на ватажата и да се создаде топлина, што резултира со подолго време на полнење. *Времето на полнење може да се разликува во зависност од условите на полнење и материјалите на футролата. *Препорачливо е уредот да се постави во средина и да биде порамнет.

Затемни за добар сон

Нема потреба да дозволиш светлото да ти го нарушува сонот. LED светлото не само што интиутивно ги менува боите за да го покаже статусот на полнење на уредите, туку може да се постави и да се затемнува за да не ти го прекинува сонот.

*Затемнувањето на LED може да се контролира само преку мобилен телефон (почнувајќи од сериите Galaxy S10 и Note10 па натака). *Распоредот на затемнување може да се постави во менито Поставки за да се исклучи брзото безжично полнење во конкретно време и да се затемни LED светлото.

Наполни за да го засилиш темпото

Брзо добиј го потребното полнење, благодарение на поддршката за брзо полнење до 9 W. Ова полнење на батеријата е компатибилно со преносните адаптери USB PD и Adaptive Fast Charging за лесно освежување.

*Fast Charging е достапно само на паметни телефони. Поддржува Galaxy Note5 и понови или iPhone 8 и понови. *Брзината на полнење може да се разликува во зависност од уредот. Вистинската брзина на полнење исто така може да се разликува во зависност од употребата, условите на полнење и други фактори. *Компатибилните Apple уреди со функција за безжично полнење поддржуваат до 7,5 W брзо полнење. *Адаптерите USB Power Delivery (PD) и Adaptive Fast Charging (AFC) се продаваат одделно. *И Power Delivery (PD) и Adaptive Fast Charging (AFC) се протоколи за брзо полнење за Samsung уреди.

Galaxy часовниците исто како да се дома

Наполни го твојот Galaxy Watch за секунда со неговото посебно наменето место. Ова место содржи внатрешен магнет од десната страна кој овозможува часовникот совршено да се намести кога го ставаш на полнење.

*Поддржува само Galaxy Watch уреди. *Не поддржува Galaxy Fit производи.

Работи и со други уреди

Wireless Charger Duo е компатибилен со голем број други уреди. Лесно може да наполниш разни твои уреди, од телефонот до часовникот.

*Поддржува полнење на паметни телефони со Qi, слушалките Galaxy Buds, Buds+, Buds Live, Galaxy Buds Pro, AirPods 2 и AirPods Pro, како и паметните часовници Galaxy Watch3, Active2 и Active.

Еден полнач, два уреди

Заедно полни го омилениот пар уреди за да уживаш и во двата истовремено — независно дали тоа е твојот телефон и Galaxy Watch или Galaxy Watch и слушалки. Во текот на ноќта, стави ги на полнење и ќе бидеш подготвен за следниот ден.

*Брзината на полнење може да се разликува во зависност од уредот. Вистинската брзина на полнење може да се разликува во зависност од употребата, условите на полнење и други фактори.

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • Водич за безбедност
    КОРЕЈСКИ, АНГЛИСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (Бразил), КИНЕСКИ, ШПАНСКИ, АРАПСКИ, БУГАРСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ЕСТОНСКИ, ПЕРСИСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГРЧКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, казахстански, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, МАКЕДОНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, РОМАНСКИ, РУСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШВЕДСКИ, ТАЈЛАНДСКИ, ТУРСКИ, УКРАИНСКИ
  • Упатство за корисниците
    КОРЕЈСКИ, АНГЛИСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (Бразил), КИНЕСКИ, ШПАНСКИ, АЛБАНСКИ, АРАПСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ПЕРСИСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, казахстански, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, МАКЕДОНСКИ, монголски, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, РОМАНСКИ, РУСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШВЕДСКИ, ТАЈЛАНДСКИ, ТУРСКИ, УКРАИНСКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.

* SmartTags има опсег на Bluetooth од 120 m. Вистинската изведба може да се разликува во зависност од околината каде што се користи.

* Слика на безжичен полнач во бела боја и безжичен полнач Duo во црна боја симулирана за илустративни цели.