Откриј ја технологијата на следната генерација Galaxy уреди

Најнапредниот AI ProVisual Engine на Galaxy

Крупен кадар од внатрешноста на објективот на камерата на Galaxy S25 Ultra ротира и се гледа под агол од страната. Одразите и виртуелната светлина ротираат над објективот.

Сликни најубав портрет со помош на технологијата што препознава предмети

Долови попрецизен тон и текстура на кожата со најновите иновации во нашата технологија што препознава предмети. Сега, Galaxy S25 Ultra не само што открива предмети, туку открива и светло, па така помага да се долови уште поприродна пигментација на кожата. 1,2

Видео Nightography без конкуренција. Помалку бучава, почисто видео

Најновата опција Nightography на серијата Galaxy S25 може попрецизно да открие движења на предметот во видеото, со што појасно ги одделува предметите кои се движат од оние кои не се движат. Со помош на овие податоци, можеме да ја намалиме бучавата во видеата кои ги снимаме навечер. Видеата навечер никогаш веќе нема да бидат исти. 1,3

Најизострените детали од широкоаголната до телефото камерата, па дури и на ултрашироката

Сликај динамични фотографии со висока резолуција од секој агол со ProVisual Engine од следната генерација и со најмоќните камери на Galaxy S25 Ultra. Неверојатниот објектив со широк агол од 200 MP — најмногу мегапиксели досега на Samsung Galaxy smartphone — заедно со телефото објективот од 50 MP и со објективот на ултрашироката камера од 50 MP носат нови нивоа на јасност и веродостојност на секоја слика. 1,2

Долови детали со висока резолуција со помош на нашиот оптички зум

Нема недостижен детаљ благодарение на напредните карактеристики за зумирање на Galaxy S25 Ultra. Предметите се чисти, јасни и неверојатно живописни, дури и кога си далеку. Оптичкиот зум од 3x и од 5x, како и зумот со оптички квалитет од 2x и 10x на Galaxy S25 Ultra се подобрени со AI Zoom за да создадат неспоредлива можност да се приближиш до предметот без да се поместиш од место. Може да зумираш до најмногу 100x со Space Zoom. 2,4,5,6

Од професионално снимање до професионално уредување

Стани професионален фотограф со нашата иновативна апликација за камера, Expert RAW и сликај висококвалитетни фотографии со HDR. Откако ќе ги снимиш фотографиите, датотеките од RAW автоматски се зачувуваат во галеријата, подготвени за широк опсег уредувања, како на пример балансирање бели нијанси и изложеност. 2,7

Ги поставуваме стандардите за моќни перформанси

Во кадар влегува приспособен чипсет за Galaxy.

Врвен процесор по мерка, изработен за Galaxy

Го претставуваме нашиот процесор од 3 nm за мобилните уреди од серијата S. Уникатниот IP на Galaxy, којшто вклучува ProScaler и мобилна технологија за дигитална обработка во природни слики (Mobile Digital Natural Image engine (mDNIe)), е имплементиран во нашиот приспособен AP. Овие современи чипсети го забрзуваат секој аспект на перформансите, испорачувајќи целосни подобрувања во гејмингот и во искуството при гледање.
Процесорот од следната генерација кој вклучува подобрувања на CPU, GPU и NPU има огромни подобрувања на гејмингот и AI, трансформирајќи го начинот на кој создаваш, работиш и играш.8,9

Реалистичен гејминг со следење на зраците и Vulkan

Нашите најмоќни GPU и CPU овозможуваат моќно следење на зраците, како и напредна технологија за рендерирање која осигурува дека игрите се пореалистични со динамични сенки и одрази. Сликите се оптимизирани со AP, Vulkan, за дополнително забрзување на следењето на зраците, за понепречено вчитување, како и за промовирање стабилна игра. 8,9

Остани со ладна глава, играј подолго

Кога играта се вжештува, технологијата Vapor Chamber ти овозможува да го користиш уредот подолго и попријатно. Како кај целосно новиот Galaxy S25 Ultra, нашиот приспособен термички материјал за интерфејс (Thermal Interface Material (TIM)), како и дизајнот, помага топлината да се распрска поефикасно. Galaxy S25 Ultra е уште потенок благодарение на зголемената Vapor Chamber и приспособениот TIM за серијата Galaxy S25, а подобрена е и архитектурата за распрскување топлина. 10,11

Неверојатна моќ која трае

Прикажана е батерија која се зголемува додека се полни.

Оптимизирано траење на батеријата, повеќе забава

Покрај моќните батерии, софтверот и хардверот на Galaxy се оптимизирани да траат подолго. Мобилната технологија за дигитална обработка во природни слики (Mobile Digital Natural Image engine (mDNIe)), вклучена во нашиот уникатен Galaxy IP, е вградена во приспособениот процесор за да ја намали моменталната потрошувачка за екранот, со што се подобрува времето на користење на батеријата. Нашата батерија од 5,000 mAh со високи перформанси овозможува над 31 час гледање видеа. 12

Револуционерно супербрзо полнење од 45 W

Намали го времето на исклучување со помош на Galaxy уредите коишто имаат супербрзо полнење. Супербрзото полнење од 45 W помага да го наполниш телефонот од нула до 65 % за само 30 минути, што значи дека покусо ќе биде на полнач, а ти ќе имаш повеќе време да се фокусираш на приоритетите. А со уредите компатибилни со Qi, можно е дури и безжично полнење. 13,14

Новата генерација на отпорни екрани

Четири стакла за екран за Galaxy паметен телефон се лизгаат од средината и се собираат за да станат само едно стакло. Уште два пара преклопено стакло за екран за Galaxy Flip и Galaxy Fold се лизгаат од двете страни на првиот екран.

Почисто, поживописно гледање овозможено од ProScaler

Искуси детали како никогаш досега со ProScaler, напојуван со напреден алгоритам за обработка на слики. Овој алгоритам темелен на AI креира високо реалистичен екран базиран на највисок сооднос на сигнал со бучава (PSNR) за подобрена резолуција, правејќи го секој миг мелем за очи. 15,16

Најцврстото стакло на Samsung Galaxy досега

Galaxy S25 Ultra е зајакнат со Corning® Gorilla® Armor 2 стакло за екран кое го штити твојот Galaxy. Специјалниот материјал на Corning, Corning® Gorilla® Armor 2 истовремено го намалува одразот на површината и ја штити опцијата за допир — а сето ова е овозможено преку процес на прецизно додавање слоеви. 17

Пионерска технологија на реалистичен екран

Подобри го искуството на екранот со моќниот Vision Booster. Оваа револуционерна карактеристика го препознава осветлувањето во средината и ги приспособува боите и контрастот на екранот за најдобро искуство при гледање. Може да достигне дури неверојатни 2.600 нити најголемо осветлување, гарантирајќи уште подобро гледање на отворено. А со напредното мапирање тонови, добиваш почисто и поудобно искуство при гледање. 18

Свиткај ги законите на физиката и технологијата на екран

Екраните на Galaxy Z Flip го прават невозможното — се виткаат без да се скршат. Подвиг овозможен благодарение на револуционерното ултратенко, ултрафлексибилно стакло. Во комбинација со ултрацврстата FlexHinge шарка, овие уреди можат да се виткаат и да стојат под динамични агли. 19




*Сликата е симулирана. Може да е потребно најавување на Samsung Account за одредени Samsung AI функции. Вистинскиот UX/UI може да се разликува.

1. Резултатите може да се разликуваат во зависност од моделот и/или условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.

2. Сликите се фотографирани со Galaxy S25 Ultra.

3. Видеата се снимени со Galaxy S25 Ultra.

4. AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.

5. Растојанијата од 3x и 5x се оптички зум. Растојанијата од 2x и 10x се зум со оптички квалитет.

6. 100X Space Zoom вклучува 10x зум со оптички квалитет и 100x дигитален зум со технологија Super Resolution. Растојанијата за зумирање поголеми од 10х може да предизвикаат влошување на квалитетот на сликата.          

7. Expert RAW мора да се преземе одделно од Galaxy Store, бесплатно, пред употреба. Поддржано на уреди од сериите S25, S24 и S23, серијата S22, S21 Ultra, S20 Ultra, Note20 Ultra, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Fold4, Z Fold3 и Z Fold2.

8. Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници.

9. Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со Galaxy S24 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.

10. Споредено со претходни модели.

11. Vapor Chamber вградена во Galaxy S25 Ultra е 40 % поголема од таа на Galaxy S24 Ultra.

12. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерената струја врз потрошувачката на енергија од батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот), соодветно. Реалното време на репродукција на видео се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.

13. Брзината на полнење може да се разликува во зависност од уредот.

14. Врз перформансите за полнење може да влијаат разни фактори, како на пример видот на уредот, кабелот и други фактори во опкружувањето.

15. ProScaler не е поддржан на Galaxy S25.

16. Резултати пред и потоа со ProScaler кога е применет на Galaxy S25 Ultra. Служат само за илустрација. Точноста на резултатите не е загарантирана.

17. Corning® Gorilla® Armor 2 е поставено на предниот дел на уредот.

18. Galaxy Z Fold6 има најголема осветленост од 2600 нити на главниот екран и на надворешниот екран. Екраните се адаптивни, автоматски приспособувајќи го нивото на осветлување според околината. Во средини со одредено осветлување, се активираат режимот на висока осветленост High Brightness Mode и режимот Vision Booster.

19. Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на уредот