Од Хонгконг до Лолапалуза, неонското светло е во тренд и се чини дека трендот ќе потрае. Неонските светла не се само уметност што привлекува внимание туку и уверлив начин да се пофалиш е со твоите слики од патување или да го оживееш твојот портрет. Ова се нашите најдобри совети како да снимиш неонска фотографија.
Фотографија од @maryanne.braine
Прикажи се во вистинско светло
Сеедно дали сакаш да привлечеш повеќе внимание на Tinder или на LinkedIn, неонското светло околу портретот ќе го направи точно тоа. Постави се така што светлото од знакот да биде или директно покрај тебе или зад тебе, во зависност од тоа колку светлина сакаш да има на снимката. Додека повеќето професионални камери се доста комплицирани кога станува збор за отвор и брзина на затворање со цел точно да се долови слабата светлина, двојниот отвор на Samsung Galaxy S9+ автоматски се прилагодува. Треба само да ја насочиш камерата и да сликаш.
Сликано со Galaxy S7
Одбери најдобар агол
Кај фотографирањето неонско светло на професионално ниво, најважно е светлината да се сними од најдобриот агол за да свети најубаво. Експериментирај со аглите – пробај да клекнеш или качи се на стол за да го видиш неонскиот знак од сосема друг агол.
Сликано со Galaxy S9
Пробај замаглување
Неонските светла се одлични за природни портрети со боке ефект. Најважно е да запомниш дека колку си поблизу до субјектот, толку подобар боке ефект ќе добиеш.