Најдете инспирација во животот и приказните на
жените со Samsung
За да го одбележиме Меѓународниот ден на жената, повикавме жени кои инспирираат, во Samsung и надвор од него, за да ги споделат своите моќни приказни.
Жени-работнички од различни средини го споделуваат своето мислење за тоа
што ги инспирира, мотивира и ги охрабрува да го дадат најдоброто од себе.
Нивните сведоштва беа преточени од талентирани жени-илустраторки кои ги зедоа нивните приказни за да создадат три динамични уметнички дела кои фрлаат светлина на охрабрувањето и достигнувањето на жените.
12 вработени кои учествуваа во интервјуто: (од горе лево кон десно) Катрина Барнс (малопродажен дизајн, Океанија); Ванисри Срикришна Џалапели (деловно забрзување и колективно разузнавање, Азија); Мијонг Ју (Sсистемски софтвер, Азија); Ле Ти Тан Хуонг (управување со квалитетот на терен, Азија); Ана Трушковска (деловно забрзување и колективно разузнавање, Европа; Адријана Корочано Мори (правен советник, Јужна Америка); Трејси Кјеи (креативен маркетинг менаџмент, Африка); Мери Питерсон (B2B продажба, Северна Америка); Кендра Никол Мок (CMP, Северна Америка); Еми Кемпбел (креативен маркетинг менаџмент, Европа); Јијин Жао (Претседател на канцеларијата во Хонгконг, Азија); Сандип Рана (производно опкружување, Европа).
Во интервјуто, тие зборуваат за своите уникатни искуства, страсти, и лични успеси кои секојдневно ги мотивираат. Иако имаат различни искуства, тие колективно тврдат дека добрата идеја може да дојде од секаде, или од секого, без оглед на нивното ниво на квалификации, пол, или потекло.
Придружете ни се во прославувањето на сите жени кои напредуваат така што се верни на самите себеси и запознајте го уметничкиот талент што ги оживеа.
Катрина Барнс, Австралија
„Не мораш да бидеш претседател на држава за да имаш силен женски глас.“
Инспирацијата на Марија-Инес Гул
„Се чувствувам инспирирана од приказните за колективна издржливост, меѓусебна почит и духот на женската солидарност.“
Марија претставува архетип на жена која држи синџир од помали женски фигури кои заедно се качуваат по планина, помагајќи си по патот и издигнувајќи го нивното знаме - што ги рефлектира силните женски гласови и незапирливиот лидерски потенцијал.
Ванисри, Срикришна Џалапели, Индија
„Горда сум што жени-инженери доаѓаат кај мене за поддршка.“
Инспирацијата на Барбара Малаголи
„Да се биде дел од овој проект е славење на уникатната унија на сите жени во светот. Се надевам дека жените ќе ги видат моите дела и ќе почувствуваат дека сите чекориме рака во рака заедно, кон иднината.“
Илустрацијата на Барбара создава моќна слика преку употребата на текстура и повторување, со впечатлива композиција која ја истакнува важноста на сојузништвото со позитивност и радост.
Мијанг Ју, Јужна Кореја
„Кога се фокусирате на вашата страст, можете да се соочите и да го надминете секој предизвик.“
Инспирацијата на Руби Тејлор
„Неверојатно е инспирирачко да се дознае за жени со страст,
а нивната енергија и мотивација навистина ме инспирира.“
Руби сакаше да направи портрет на успешни жени во различни полиња за кои имаат страст, за да ги охрабри жените во целиот свет да ги следат своите соништа.