Пристапност на мобилни Galaxy
Voice Assistant + TalkBack
Samsung и Google работеа заеднички за да обезбедат уникатно, достапно и унифицирано искуство на уреди Android.
Сега, гласовниот асистент на Samsung и TalkBack на Google се споени во еден унифициран читач на екран. Со уникатните идентитети на Voice Assistant и TalkBack, сега имаш попрактичен и ефикасен читач на екран на сите твои Android уреди.
Пробај го новиот TalkBack овозможен од One UI 3.0.
Како се користи TalkBack
Научи ја основната употреба
TalkBack ја чита ставката што е во фокус на глас. Фокусот може да се контролира со допирање или лизгање на екранот.
• Слушни што има на екранот
Допри го екранот со еден прст или разгледај го екранот со слободно движење по екранот со допирање.
• Пушти ја ставката што е во фокус
Допри двапати со еден прст.
• Помести го фокусот на друга ставка
Повлечи лево/десно со еден прст.
Основните начини на употреба може да ги научиш преку „Setting > Accessibility > TalkBack > Settings > TalkBack tutorial“
Идентитетот на Voice Assistant е споен со TalkBack
Гестови со повеќе прсти
Покрај гестовите со еден прст на TalkBack, сега се достапни и гестови со повеќе прсти на Voice Assistant. Активирај ги разните функции на TalkBack веднаш со гестови со повеќе прсти без да влегуваш во поставките. Ако не ти се допаѓа некој гест, може во секое време да го промениш како што сакаш.
Оди на „Accessibility> TalkBack> Settings> Customize gestures“ за да дознаеш повеќе и да го промениш дејството на секој гест.
Како се користи подлогата за гестови
Заборави некој гест? Може да тестираш и проверуваш разни гестови на подлогата за гестови. За да се отвори, допри го екранот еднаш со 4 прста.
Како се користи менито за читање
Опцијата Quick Menu во Voice Assistant е достапна и на новиот TalkBack. Лизни со три прста по екранот во која било насока - горе, долу, лево, десно - за да пристапиш до достапното мени за читање. Со континуирано повлекување со 3 прста ќе можеш да го избереш посакуваното мени за читање, како нивоата, брзината на говорење и говорниот јазик.
Постави си сопствено мени за читање во „Accessibility> TalkBack> Settings> Customize menu“
Активирај го TalkBack во волшебникот за поставување
Сега може да го активираш и да го користиш TalkBack уште на првото вклучување на телефонот. Овој начин е достапен во текот на целиот процес на волшебникот за поставување.
• Притисни и задржи со 2 прста
• Брзо притисни ги страничното копче и копчето за зголемување на јачината на звукот
• Притисни и задржи на копчињата за зголемување и намалување на јачината на звукот
Други корисни карактеристики на TalkBack
Другите карактеристики на TalkBack, како што е уредувањето текст и кратенки на тастатура, ти помагаат побрзо и полесно да управуваш со уредот. Дознај повеќе во поставките и туторијалите за TalkBack.
Уредувај текст
Функциите за уредување, како select (избери), select all (избери сè), copy (копирај), cut (отсечи) и paste (залепи) може да се извршат преку гестови.
Дознај повеќе за гестовите во „Settings > Accessibility > TalkBack > Settings > Customize gestures“
Кратенки на тастатурата
TalkBack може да го контролираш и преку кратенки на тастатурата кога е поврзана тастатура преку Bluetooth или USB .
Дознај повеќе за мапата на тастери во „Settings > Accessibility > TalkBack > Settings > keyboard shortcuts“
Voice Assistant
и туторијал за Voice Assistant
Voice Assistant може да се однесува како твоите очи кога го користиш телефонот. Неговите функции ти овозможуваат максимална контрола над телефонот дури и ако не можеш да го видиш. Кога Voice Assistant е вклучен, твојот телефон обезбедува говорни повратни информации за да им помогне на слепите и корисниците со слаб вид. На пример, тој опишува што допираш, бираш и активираш. Исто така, може да уредуваш текст или да менуваш разни поставки како јачина на звук или брзина на говор преку познати гестови за повлекување и допирање.
*Сликите од уредите се симулирани за илустрација.