Пристапност
Технологија што ќе ве охрабри
Технологија за вклученост
што помага да ги постигнете вашите цели
Вид
Дознајте за нашите помошни функции за видливост, како што се TalkBack, Големина и стил на фонт, Приспособување на бојата и Зголемување.
Слух
Дознајте за нашите помошни функции за слух, како што се Транскрипција во живо и Звучни известувања и Рамнотежа на звукот лево/десно.
Мобилност
Дознајте за нашите помошни функции за мобилност, како што се Универзален прекинувач и Поставки за допир.
Спознавање
Дознајте за нашите помошни функции за спознавање како што се Контрола на интеракција и Запомнување често користен тек/режим.
На прв поглед
Ви ги претставуваме нашите клучни функции за пристапност
Веб-страница пристапна за сите
Се стремиме да ги направиме веб-услугите на Samsung пристапни за сите корисници
Поддршка за корисници за пристапност
Ние сме тука да ви помогнеме и да го подобриме вашето искуство со пристапноста
Совети за поставување на пристапноста
Паметен телефон/таблет
Кратенки за пристапност – Кратенката за пристапност ви овозможува побрзо и полесно да пристапите до функциите за пристапност. (Користете го копчето за пристапност, брзо притиснете ги страничните копчиња и копчињата за зголемување на јачината на звукот, притиснете и задржете ги копчињата за зголемување и намалување на јачината на звукот)
Ресетирајте ги поставките за пристапност – Ресетирајте ги поставките за пристапност на нивните стандардни вредности, одделно од другите поставки.
Препорачано за вас – Може да проверите кои функции за пристапност ги користите моментално и препораките за функции за вас.
Часовник
Кратенки за пристапност – Трипати допрете со два прста на кој било екран за да ја активирате избраната функција за пристапност.
ТВ
Приспособете ги ТВ-функциите за пристапност преку едноставното мени на екранот со еден допир. Може да ги активирате повеќето ТВ-функции за пристапност преку кратенката за пристапност. Откако ќе се овозможи, автоматски стартувајте го Гласовниот водич и Водичот за знаковен јазик. За да се прикаже кратенката за пристапност, притиснете и задржете го копчето за јачина на звук. Алтернативно, притиснете и задржете го копчето за исклучување на звукот или притиснете го копчето за затворени титлови.