

Galaxy Buds Pro
SM-R190NZKAEUG
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Ги претставуваме
Galaxy
Buds Pro
Ова се вистински безжични слушалки, со напредна технологија за звук што обзема како никогаш досега. Intelligent ANC ти овозможува непречено да се префрлуваш од потиснување на бучавата до целосно приспособлив амбиентален звук. Пушти го надворешниот свет — или остави го надвор. Тоа е твој свет. Galaxy Buds Pro ти овозможуваат да го слушаш најдоброто од него.
Девет кутии за полнење за Galaxy Buds Pro, сите во мрежа 3x3. Има 3 во фантомска црна, 3 во фантомска виолетова и 3 во фантомска сребрена боја. Кутиите се отвораат една по една за да ги покажат слушалките во внатрешноста. Зумот се фокусира на кутијата во фантомска виолетова боја во средина на мрежата и се врти наоколу додека уште се зголемува, сè додека не исчезне.
Интелегентен ANC
Ја исклучува бучавата,
ги вклучува гласовите
Потиснување на бучавата што можеш да го контролираш
Active Noise Canceling на Galaxy Buds Pro филтрира до 99 % од заднинската бучава. Внатрешните и надворешните микрофони ја следат бучавата во реално време. Избери го нивото на ANC за да ги засилиш или намалиш надворешните звуци со интелигентен алгоритам кој ја потиснува бучавата: пушти го на High во преполн автобус или на Low во тивка библиотека — нема потреба да ја менуваш јачината на звукот.1, 2
*Galaxy Buds Pro се компатибилни со паметни телефони и таблети со Android 7.0 или понова верзија и со повеќе од 1,5 GB RAM меморија.
Active Noise Cancellation (ANC) на Galaxy Buds Pro ја потиснува надворешната заднинска бучава до 99 %, што е потврдено и со UL Verification.
Професионален звук
Професионално студио
во твоето уво
Слушалка Galaxy Buds Pro во фантомска виолетова боја, поделена во слоеви за да покаже каде се наоѓаат звучниците, вуферот, високотонецот и воздушните канали.
за балансиран звук и реакција во широка фреквенција
го намалува апсорбирањето за да се распространува звукот
за прецизно фаќање на гласот на корисникот
за врвна обработка
и насочување на сигналот
за намалување на бучавата од ветрот
Од највисокиот сопран до најдлабокиот бас, сите тонови се слушаат одлично, благодарение на 2-насочните вградени звучници со звук од AKG. Galaxy Buds Pro го нудат најобземувачкото доживување на звукот на Galaxy Buds, без разлика дали слушаш нов албум или аудиокнига за твоето следно патување.
*Звукот на AKG на Galaxy Buds Pro има сертификат од Harman со одлична оценка.
*Резултатите се засновани врз тестирање POLQA, глобален стандардизиран тест за квалитет на повици, во внатрешна лабораторија на Samsung.
Живописен звук кој те обзема
со неверојатен реализам
Доживеј го 360 Аудио кој е толку привлечен што те носи среде сцената. Со технологијата Dolby Head Tracking™, Galaxy Buds Pro те носат во центарот на твоето омилено видео, филм или серија. Интелигентниот сензор за следење на движењето ја утврдува насоката на звукот кога ја движиш главата, со што овозможува моќно чувство на реализам додека слушаш. А со содржината на Dolby Atmos®, слушни го секој детаљ со поголема јасност и почувствувај подлабока поврзаност со приказната.6
Практичност
Сите твои светови
во хармонија
Galaxy паметен телефон и слушалки Galaxy Buds Pro во фантомска виолетова боја во нивната кутија за полнење. На екранот на паметниот телефон се наоѓа Music UI. Се појавува и Galaxy таблет, со графичка позадина на екранот. и Galaxy таблет. На таблетот се прима видеоповик и поврзувањето на слушалките веднаш се префрлува од таблетот на телефонот за да се покаже како работи Auto Switching. На паметниот телефон се покажува текст кој гласи „Ben's Galaxy Buds Pro Switched to Galaxy Tab (Galaxy Buds Pro на Бен се префрлија на Galaxy Tab)“. На паметниот телефон се покажува текст кој гласи „Ben's Galaxy Buds Pro Connected automatically (Galaxy Buds Pro на Бен се поврзаа автоматски)“.
Промени без напор
Auto Switching на Galaxy Buds Pro детектира што е најважно и веднаш го префрлува поврзувањето на тој уред. Па така, кога гледаш филм на таблетот и некој ти ѕвони, Galaxy Buds Pro го префрлуваат звукот на твојот телефон. А потоа откако ќе завршиш со повикот, Galaxy Buds Pro без проблем повторно се поврзуваат со таблетот — од уред на уред без да го допреш екранот.7, 8
Твојот паметен асистент,
секогаш во состојба на подготвеност
"How's the weather today?"
"It's sunny and 72° right now"
"How much battery is
remaining on my earbuds?"
"Your earbuds are at 88%"
Кога си поврзан на твојот телефон, може да зборуваш за да активираш нешто без да го допреш телефонот. Bixby се буди со едно едноставно „Hi Bixby“, а потоа може да даваш команди да направи повик, да ја смени музиката и многу повеќе.9, 10, 11 Дури може и да се префрлуваш од еден Samsung уред на друг со изговарање на неговото име и да активираш или исклучуваш ANC и Амбиентален режим.
*Сликата е симулирана за илустрација.
Победи во криенка со твоите слушалки
Многу е лесно да ги најдеш изгубените слушалки. Само отвори ја апликацијата SmartThings. Слушалките ќе пуштат звук така што лесно ќе ги најдеш во собата. А со Offline барањето, може да ја најдеш локацијата на која последен пат биле користени, дури и ако не се повеќе поврзани со твојот телефон.12, 13, 14
Сподели звук со другар ти
Не симнувај ги слушалките и дозволи му и на другарот да се вклучи. Buds Together ти овозможува да поврзеш два пара Galaxy Buds Pro со твојот телефон истовремено, за да можете и двајцата да ја слушате плејлистата на твојот BFF со врвен квалитет на звукот.15
Дизајн
За врвен звук потребен е врвен дизајн
Три Galaxy Buds Pro, во фантомска црна, фантомска виолетова и фантомска сребрена боја. Сите се покажани внатре во кутијата со отворен капак.
Сјаен финиш за вистинска атмосфера
Достапни во три популарни бои.16 Избери меѓу безвременска фантомска црна, силна фантомска виолетова или впечатлива фантомска сива за да го подобриш расположението. Секоја слушалка е полирана и сјае, додека мат-внатрешноста дава чувство на мекост. И не заборавај ја кутијата во иста боја.
Вистинската удобност е тука
Нов концепт на класичната форма на слушалката, овој дизајн го намалува чувството на неудобност кога си вклучен подолго време и не паѓаат од увото додека вежбаш. А со воздушните канали кои го балансираат притисокот во твоето уво и го зголемуваат протокот на воздух, слушалките легнуваат толку природно што можеш дури да заборавиш дека ги носиш.
Не може и нема
да престане
Наполни за ритам
Вклучи го ANC и Galaxy Buds Pro ти даваат 5 часа време за игра со 13 плус и од кутијата. Тоа се вкупно 18 часа.17 Кога ANC е исклучен, добиваш вкупно 28 часа, со 8 часа време за игра — и 20 плус од кутијата.18 Независно дали цел ден имаш видеоконференции, виртуелни средби со пријателите или само уживаш во омилената плејлиста, Galaxy Buds Pro имаат моќ да те одржат поврзан и да слушаш цело време.
*Сликата е симулирана за илустрација.
Водоотпорна
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.0
Соодветна спецификација на паметни телефони
Android 7.0 ↑ , 1.5GB ↑
Сензори
Акцелерометар, Жиро сензор, Hall сензор, сензор за близина, сензор за допир, VPU (Voice Pickup Unit),
Тежина на слушалките
6.3 g
Број на MIC
6
Амбиентален звук
Да
Активно поништување на шум
Да
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.0
Профили Bluetooth
A2DP,AVRCP,HFP
Акцелерометар, Жиро сензор, Hall сензор, сензор за близина, сензор за допир, VPU (Voice Pickup Unit),
Димензии на безжична слушалка (ВxШxД, mm)
20.5 x 19.5 x 20.8 mm
Тежина на безжична слушалка (g)
6.3 g
Димензии на обвивка (ВxШxД, mm)
27.8 x 50.0 x 50.2 mm
Тежина на обвивка (g)
44.9 g
Трајност
IPX7 Водоотпорност (Earbuds)
Отстранлива
Не
Време на користење (часови, AOD исклучено)
5 Hours
Време на зборување/Гласовен повик
4 Hours
Капацитет на батерија (безжична слушалка) (mAh, типично)
61 mAh
Капацитет на батерија (куќиште) (mAh, типично)
472 mAh
Поврзување Bixby
Да
Компатибилна спецификација на паметниот телефон
Android 7.0 ↑ , 1.5GB ↑
Содржина на пакетот
Футрола за полнење, ушни уши, врвови (S, M, L), водич за брз почеток, USB кабел
Неодамна прегледано